Биткоинот троши повеќе струја од цели држави


Криптовалутата биткоин троши повеќе енергија од Нов Зеланд и Белгија заедно и со тоа им штети на животната средина и климата

Ако го читате овој текст, користите електрична енергија. Истото важи и за секое пребарување на Гугл, испратена имејл-порака или фотографија зачувана во „облак“. Колку што нашите животи стануваат подигитални, толку повеќе електрична енергија ни е потребна за да ги напојуваме тие животи. Сепак, постои една дигитална работа која троши особено многу струја – биткоинот.

Тоа го потврдува и студија на Универзитетот Кембриџ. Според неа, огромните серверски фарми, кои стојат зад криптовалутата, за една година трошат повеќе струја од Холандија, земја која има над 17 милиони жители. А, со порастот на вредноста на биткоинот на над 50.000 долари (41.000 евра), се зголемува и потребата од електрична енергија.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука