Битиќи најавува четири инвестиции со вредност од над 300 милиони евра и нови 2.000 работни места
Вицепремиерот Фатмир Битиќи најави четири нови инвестиции со вкупна вредност од над 300 милиони евра и отворање нови 2.000 работни места.
Битиќи ова го најави во дебатната емисија Топ тема на Телма, каде што истакна дека сака да ги дели компаниите на странски и домашни и дека она за што сака да зборува се инвестиции на компаниите, затоа што на крајот сите компании кои работат во земјата се наши, домашни компании.
„Законот за стратешки инвестиции и мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, т.е. Планот за економски раст навистина даваат резултати. Најавив пред 10-тина дена, еве денес можам да потврдам дека веќе во петокот имам потврда за 2 нови инвестиции од постојни компании коишто заради потребата, односно добивање на договори со нивните добавувачи ќе го прошират и зголемат производството. Тоа се дополнителни 2.000 работни места коишто до крајот на годината ќе се реализираат. Дополнително две други компании планираат 300 милиони евра инвестиции, коишто претходно кажав дека доаѓаат преку стратешките инвестиции“, истакна Битиќи.
Тој додаде дека сттанува збор за две стратешки инвестиции за коишто може да зборува, но укажаа дека во овој момент од листата на стратешки инвестиции коишто се разгледуваат, има вкупно 11, кои според него, достигнуваат фрапантни бројки.