Билтенот полн насилници: Ги малтретирале сопругите, децата, татковците…
Повеќе случаи на семејсно насилство нотира денешниот полициски билтен, а сите се однесуваат на жители на главниот град.
Имено, ноќеска, во 1 часот по полноќ, во СВР Скопје 52-годишна жена пријавила дека претходниот ден, во домот на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.Д.(52) агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне. Според пријавеното, таа подолг период била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Но, тој пак, два часа подоцна, ја пријавил неа, В.Д.(52), за упатени закани од неговата сопруга . Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера, во 18:42 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Според пријавеното и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Љ.И. кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, во 18:45 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.(35) од Скопје поради тоа што упатувал закани кон неговата 30-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 14:30 часот, во четвртокот, во СВР Скопје 27-годишна жена пријави дека на 01.04.2026 нејзиниот сопруг М.Д.(32), со кого биле разделени, упатувал закани кон неа и нејзиниот татко. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 06:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Т.(49), по претходна пријава дека на 01.04.2026 околу 23:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 19:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека во периодот од 08.06.2025 до 20.03.2026 нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле на видување кај него. Се работи на целосно расчистување на случајот.