Билјана Црвенковска и Румена Бужаровска во книжевниот избор „Штефица Цвек“ за 2025 година

Две книги од Македонија „Приказни од Sунливото Море“, роман за деца и млади на Билјана С. Црвенковска (издание на „Чудна шума“) и „Тони“, роман на Румена Бужаровска (издание на „ТРИ“) влегоа во седумте дела во регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година што вчера беше објавен во Подгорица.
„Штефица Цвек“ е некомпетитивен избор кој четврта година по ред ги обединува најзначајните дела од БХСЦ и македонското јазично подрачје, создадени од феминистички, антифашистички, еколошки, антиколонијални и други левичарски перспективи. Досега презентиран во Белград, Загреб и Сараево, овој уникатен избор е препознаен како простор за афирмација на гласови што ги поместуваат границите на литературата и општествениот ангажман.
Четвртото издание на „Шефица Цвек“ уште еднаш собра богат и разновиден корпус од современата книжевна продукција од регионот. Оваа година за изборот „Шефица Цвек“ беа номинирани повеќе од 100 книжевни наслови објавени во текот на 2024 година на македонски или БХСЦ јазиците. Првото жири, кое го сочинуваа Ивана Голијанин, Филип Кучековиќ, Душица Лазова, Марија Божиќ и Борисав Матиќ, имаше задача да го прегледа и евалуира овој богат корпус и изборот да го сведе на 22 книги.
Потоа, второто жири – кое го сочинуваа Марија Бошковска, Ивана Дражиќ и Матеј Вребац го донесе финалниот избор на „Штефица Цвек“.