Билјана Беличанец пронајдена мртва во нејзиниот стан


Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa, Билјана Беличанец Алексиќ,  е пронајдена мртва, потврдија од Министерството за внатрешни работи.Неофицијално најдена е обесена во бања во станот во центар на Скопје.Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40.Имаше 45 години.

Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Кариерата ја градеше во матичниот Драмски театар во Скопје.Нејзини последни претстави се “Господа Глембаевски”и “Последните Македонци”. Таа глумеше во повеќе ТВ-проекти како “Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии.

Има две деца од првиот брак.