БиХ ги отвори границите за граѓаните на Србија


Босна и Херцеговина донесе одлука да се отворат граничните премини за граѓаните на Србија, изјави денеска заменичката на претседателот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, во телефонски разговор со првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Турковиќ го извести Дачиќ дека Босна и Херцеговина на 28 мај донела одлука да се отворат граничните премини за граѓаните на Република Србија и двете страни изразија големо задоволство што е овозможен вообичаен граничен сообраќај меѓу двете држави, соопшти српското Министерство за надворешни работи