Безживотно женско тело извлечено од Вардар кај Аеродром
Попладнево е извлечено тело од реката Вардар во скопски Аеродром. Засега не е позната причината за трагедијата.
Од СВР Скопје со детали за несреќата:
– Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.