Безобѕирно управувале возило и возеле без положен возачки испит: МВР лиши од слобода 12 возачи


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, деветмина од нив управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.Д. (26) од Скопје, М.Б. (29) од село Црн Врв, скопско, М.П. (18) од село Мршевци, скопско, 15-годишник од село Студеничани, скопско, Н.Б. (48) и А.А. (44) од Битола, И.К. (51) од село Виничани, Општина Градско, 16-годишник од Велес и Љ.М. (61) од село Стамер, делчевско.

Со активна забрана за управување моторно возило и под дејство на алкохол биле затекнати Б.Б. (60) од село Зајас, кичевско и М.М. (37) од Велес, додека под дејство на алкохол управувал и Љ.Џ. (48) од село Разловци, делчевско.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – нагласуваат од МВР.