Без вода улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во Центар


Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради санирање дефект на огрлица на ул.„Рајко Жинзифов“ бр.32 .

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.