Без вода неколку улици и училиштето „Димитар Влахов“
Без вода од осум часот се неколку улици на скопска територија, како и училиштето „Димитар Влахов“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како причина е наведен уличен дефект на улицата Венијамин Мачуковски.
Водоснабдувањето е прекинато за корисниците од оваа улица, како и улиците „Анастас Митрев“, дел од „Петар Ацев“ и училиштето „Димитар Влахов“.