Бесплатна линија за пријавување непочитување на препораките за заштита од коронавирусот


Граѓаните од понеделник ќе можат да пријават непочитување на препораките од Владата за заштита од коронавирусот на бесплатната линија 191. Секој граѓанин ќе може да пријави доколку забележи угостителски објекти кои работат или, пак, зголемување на цените на основните производи.

Како што информира министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, веднаш по пријавувањето екипи на Државниот пазарен инспекторат ќе се упатат на терен за да ја утврдат состојбата.

Тој ги потсети трговците дека за непочитување на препораките ќе им следи казна од 5.000 евра, како и казна затвор до една година согласно членовите 205 и 206 од Казнениот законик.