„Бесмртна“: Бојана Скендеровски со прв солистички концерт во Филхармонија


По повеќе од две децении кариера, Бојана Скендеровски заокружува едно важно поглавје од својата кариера со својот прв солистички концерт, насловен „Бесмртна“ — како симбол на сите чувства, песни и моменти што живеат вечно во нејзината и во нашата душа.

Во магичната атмосфера на Филхармонија, на 13 декември од 20 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее Бојана во едно ново светло — интимно, моќно и вистинито. 

Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на kupikarta.com, по цени од 800 и 1000 денари во зависност од местоположбата.