Бесими-Ескобар: Зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и САД

– Заложбите на САД целиот регион да се интегрира во ЕУ се видливи и недвосмислени. Економската интеграција на целиот регион е значајна и за ЕУ и за Западен Балкан, и иницијативата Отворен Балкан има значаен потенцијал да даде резултати во регионалната соработка, истакнал Ескобар.
Покрај политичката поддршка од САД, иницирана е и економска и бизнис соработка меѓу двете земји. Двете страни се согласиле дека постои огромен потенцијал за американски инвестиции во земјава, особено што од 2020 година Северна Македонија е сојузник со САД во НАТО.
– На заедничка согласност и задоволство, иницијативата за бизнис соработка и реализација на инвестиции ќе претставува идна активност преточена во план и агенда во билатералната соработка на САД и РС Македонија, велат од Министерството за финансии.
Средбата е одржана во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка на кои присуствува министерот за финансии Фатмир Бесими.
На средбата е упатена и благодарност до земјава за тоа што како НАТО сојузник се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина.