Белорусија: Лукашенко ја распушти владата


Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ја распушти Владата, откако претходно најави дека нема да има радикални кадровски промени во извршната власт.

„Остар рез, замена на сите членови на Владата би била погрешна во овој момент“, рече Лукашенко на состанокот со членовите на неговиот кабинет.

„Израсна нова генерација на лидери кои се покажаа добро и добро соработуваа во владата. Зошто да ги менуваме? Тие можат да работат“, додаде тој.

Новиот состав влада сè уште не е објавен, а сега поранешниот премиер Сергеј Румас беше назначен на таа функција во 2018 година.

Претседателските избори се закажани за 9 август, а Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, се очекува да освои шести мандат.