Белгија го забранува ТикТок на службените мобилни телефони на владата
Вработените во белгисјата сојузна влада на своите службени телефони нема веќе да можат да ја користат видеоапликацијата ТикТок, која е во сопственост на кинезите, најави премиерот Александар де Кора.
Де Кроа појасни дека белгискиот совет за национална безбедност предупредил на ризиците поврзани со голни количини податоци кои ги собира ТикТок, а е во сопственост на кинеската компанија „Бајтденс“ и на фактот дека компанија е должна да соработува со кинеските разузнавачки служби.
„Тоа е реалноста и заради тоа логично е да се забрани користењето на ТикТок на паметните телефони кои ги обезбедува сојузната влада. На прво место е безбедноста на информациите“, рече тој.
Од Тик Ток се разочарани
ТикТок на таквата одлука реагираше со соопштение во кое стои дека е разочарана од одлуката и дека се темели на фундаментално погрешни информации. Компанијата објави дека корисничките податоци ги собира во САД и во Сингапур и дека гради податочни центри во Европа.
„Кинескаѕа влада не може да ги присили останатите суверени нации да ги делат податоците кои се собрани на нивна територија“, рече портпаролот на компанијата.
Европската комисија и Европскиот парламент минатиот месец забранија користење на Тик Ток на паметните телефони на својот персонал, загрижени поради можноста кинеската вкада да собира кориснички податоци или да ги промовира своите интереси. Пекинг постојано ги негира таквите намери.
И белгиската фламанска регионална влада објави дека ќе го ограничи пристапот до ТикТок на телефоните на своите службеници, а Де Кора ги повика и останатите регионални влади да ги применат истите правила.