Беким Сали се сретна со Марта Кос, разговарале за членството во ЕУ
На вториот ден од посетата на Брисел првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска се сретна со еврокомесарката за проширување Марта Кос. На средбата Сали ѝ рекол на Кос дека владата е посветена на членството на Македонија во Европската унија и спроведувањето на реформите.
„Овој позитивен моментум треба да се искористи преку интензивна и тесна соработка со европските институции, со цел остварување конкретен напредок во интеграцискиот процес“, порачал Сали на средбата со Кос.
Сали ја истакнал посветеноста за одржување на фокусот на државната администрација на реформите поврзани со ЕУ и за обезбедување континуитет на реформското темпо, во согласност со европските стандарди и најдобрите практики.