Бебе од Прилеп починало при транспорт со Брза помош до скопските клиники


Фото; Б. Грданоски

Бебе починало додека било транспортирано со возило на Итната медицинска помош од Прилеп кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти СВР Битола. Случајот во полиција бил пријавен вчера.

 

Бебето во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го однела мајката Ф. Ј. (34), по што било транспортирано за Скопје.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција, велат од СВР Битола.

 
На 15 јуни, машко новороденче починало ден откако било родено во Клиничката болница во Битола со царски рез. Бебето било транспортирано од Битолската болница до Детската клиника во Скопје, од каде родителите биле известени дека починало. Телото е исто така дадено на обдукција, а во Клиничката болница во Битола е извешен вонреден инспкециски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.