Барањето за вето побавно од Сиљановска, претседателката експресно го потпиша указот за Кривичниот закон
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова веќе ги потпишала измените на Кривичниот законик кој вчера беше изгласан во Собрание, а за којшто експертската јавност имаше низа забелешки особено за кривичните дела и санкциите за функционерите, а Платформата за граѓански организации испрати допис до претседателката и побара да стави вето на измените.
Сепак Сиљановска го потпишала и објаснуваше дека има забелешки во делот на казните за функционерите, но дека ова го смета само за транзициско решение, а од предлагачите на измените, од владата добила гаранции дека до јуни ќе биде донесен новиот Кривичен законик кој со години го работи работната група.