Банка во САД вработува поранешни затвореници


 

Банката „Џеј Пи Морган Чејс“ ќе ги намали критериумите за вработување и ќе им пружи шанса на луѓето со криминално минато да работат во компанијата, се вели во нивото соопштение.

На потенцијалните работници со криминално минато на располагање им се места во обработка и сервисирање на сметките на клиентите.

„Само тоа што имаат историја на апсење поради криминални дела е значителна препрека за вработување. Стапката на невработеност на поранешните престапници се речиси пет отсто повисока од националната стапка. Џејми Дајмон, извршниот директор на банката, верува како и сите ние, дека бизнисот има важна улога во градење една поинклузивна економија“, вели претседателката на Центарот за политика на вработување на банката „Хедер Хигинботом“, и додава дека 10 отсто од вработените во претходната година се со криминално минато.

Банката тврди дека стапката на невработеност меѓу пет милиони осудувани во САД е 27 отсто, што е огромна разлика во однос на општата невработеност од 3,5 отсто.

САД губат меѓу 78 и 87 милијарди годишно од бруто домашниот производ затоа што компаниите ги исклучуваат луѓето со криминално минато кога вработуваат, се наведува во истражувањето кое го спроведе „Џи-пи Морган“.