БАН го разјасни испраќањето на астронаути во вселената


Oткако лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, најави дека ќе праќа астронаути во вселената, а заедно со нив  и еден „северномакедонски“, со реакција се јавија од Бугарската академија на науките и уметностите. 

Директорот на Институтот за вселенски истражувања на Бугарската академија на науките, Георги Желев во изјава за бугарски медиуми вели дека државата треба прво да стане полноправна членка на Европската вселенска агенција за обука на астронаути, а потоа бугарски граѓани можат да аплицираат за работа. 

„Во денешно време се е можно, потребни се политичка волја и финансиски средства“, изјави за 24 Часа, Желев.

Рече дека Бугарија  е во претпристапниот период за членство во Европската вселенска агенција, кој трае пет години.