„Бајка“ – коцерт со Анна Кондратенко во Битола

Ана Кондратенко е една од најпознатите виолинистки и концерт-мајстори на Македонската филхармонија вечер во Битола ќе одржи концерт со наслов „Бајка“ на кој ќе настапи заедно со битолскиот Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија.
Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на концерот информираа дека на програмата ќе бидат застапени делот „Чукни и влези“ од Мартинов и „Писма од пријателите“ на Канчели.
Како што е познато, Анна Кондратенко е една од најпознатите виолинистки и концерт-мајстори на Македонската филхармонија, со богата кариера и настапи во Русија, Украина, Германија, Франција, САД, Бразил, Малезија, Кина и Јапонија.
Концертот „Бајка“ ќе биде збогатен со видео изведба на Летиција Кондратенко.