Бајден: САД оваа година ќе заменат 10 отсто од рускиот гас во ЕУ


Џо Бајден на прес-конференцијата со Урсула фон дер Лајен во Брисел

 

САД ќе се стремат да ги поттикнат домашните производители на течен природен гас (ЛНГ) да извезат 15 милијарди кубни метри во ЕУ оваа година, изјави во петокот американскиот претседател Џо Бајден.

„Се здружуваме за да ја намалиме зависноста на Европа од руската енергија“, рече Бајден, зборувајќи заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Брисел. „Денеска се договоривме за заеднички план за таа цел, истовремено обезбедувајќи го нашиот напредок кон сигурна, чиста енергетска иднина“.

Ветеното количество изнесува околу 10 отсто од вкупниот увоз на руски гас од ЕУ минатата година. Замената на остатокот од 155 милијарди кубни метри руско снабдување во 2021 година што пристигна преку гасоводот ќе биде потешко. Затоа „оваа иницијатива се фокусира на две суштински прашања: едно, помагање на Европа да ја намали зависноста од рускиот гас што е можно побрзо, второ, намалување на побарувачката на гас на Европа во целина“.

За таа цел, создадена е заедничка ЕУ-САД е работна група, со цел до 2030 година годишно да стигнуваат дополнителни 50 милијарди кубни метри гас од САД до бреговите на ЕУ.

„За да го постигне ова, Европската комисија ќе работи со земјите-членки за складирање на гас низ целиот континент, за изградба на повеќе инфраструктура за примање ЛНГ и за преземање чекори за зголемување на ефикасноста на гасот“, додаде Бајден.

Двајцата лидери не одговараа на прашања за конкретни детали за планот.