Бајден потврди дека ќе ја номинира Јелен за министерка за финансии

Избраниот претседател на САД Џо Бајден ќе ја номинира поранешната претседателка на Федералните резерви Џенет Јелен за функцијата министерка за финансии во неговата администрација.

Преодниот тим на Бајден денеска исто така, потврди и други работни места во економијата, вклучувајќи ја Нера Танден како претседателка на Канцеларијата за управување и буџет и Сесилија Роуз како претседателка на Советот на економски советници.

Доколку биде потврдена од Сенатот, Јелен ќе стане првата жена што ќе ја извршува челната позиција во Министерството за финансии и ќе му помогне на Бајден да го следи ветувањето за создавање разновиден кабинет.