Бајден го именуваше адвокатот Ксавиер Бекер за министер за здравство
САД– Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден (72) го номинираше калифорнискиот адвокат Ксавиер Бекер за министер за здравство, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на свои извори.
Британските медиуми известуваат дека Бекер, кој е и поранешен конгресмен, ќе го преземе здравствениот сектор, што се бори со зголемувањето на бројот на лица кои се зафатени од коронавирусот, како и на бројот на смртни случаи, што само во последните неколку дена надмина 2.000.
Изборот на Бекер, кој има латиноамериканско потекло и беше потенцијален кандидат и за други позиции, вклучувајќи ја и функцијата државен обвинител, следеше по притисокот врз Бајден да внесе поголема етничка разноликост во неговиот кабинет, наведуваат британските медиуми.
Меѓу тие притисоци беше и поплаката за недостаток на Латиноамериканци во федералната извршна власт.