„Азовстал“ конечно падна, објави руската армија


 

Руските сили објавија дека ја презеле контролата врз фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информираше рускиот лидер Владимир Путин за „завршувањето на операцијата и целосното ослободување на фабриката ‘Азовстал’“ во Мариупол од украинските милитанти.

Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков во петокот официјално се огласи за медиумите. Според Конашенков, последната група од 531 војник се предала во петокот.

Проруските канали објавија и видео на Телеграм во кое Серхи Волина, командант на 36. морнаричка бригада на Украина, наводно признал дека неговата единица се предала.

Руското Министерство за одбрана објави снимка од предавањето на последните украински борци од „Азовстал“.

На видеото се гледа како руски војници ги проверуваат украинските борци. Мора да извадат сѐ од џебовите и да предадат сѐ што имаат. Се прегледуваат нивните торби кои ги донеле од челичарницата. На видеото се гледаат поединечни борци кои се криеја во фабриката за челик и ги покажуваат своите тетоважи, на барање на руските сили.