Азиски берзи: Остра распродажба поради цените на нафтата
Јужнокорејскиот Kospi го активираше својот втор прекинувач во четири сесии во понеделник, предизвикувајќи поширока регионална распродажба бидејќи цените на нафтата се приближија до 120 долари за барел за прв пат од 2022 година. Таканаречениот „прекинувач“ (circuit breaker) е механизам што се активира за да се спречи панично распродавање на акции.
Индексот падна за повеќе од 8%, предизвикувајќи 20-минутен прекин на тргувањето од 10:31 часот по локално време. Индексот последен пат падна за 8,58%.
Акциите на компанијата Samsung Electronics паднаа за повеќе од 10%, додека производителот на чипови SK Hynix изгуби 12,3%.
Прекиначот беше активиран минатата недела кога референтниот индекс падна за повеќе од 12% во среда, што е неговиот најлош пад во еден ден.
Фјучерсите (термински договори, заб.) за суровата нафта Брент пораснаа за 26,1% на 116,08 долари, додека фјучерсите за суровата нафта Западен Тексас Интермедијарн на САД скокнаа за 27,6% на 116,03 долари. Скокот на цените на нафтата е најголемиот еднодневен раст од крајот на 1988 година, според податоците на LSEG.
Зголемувањето доаѓа откако големите производители на нафта од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Кувајт, Иран и Обединетите Арапски Емирати, го намалија производството на нафта по затворањето на Ормутскиот теснец.
Јапонскиот индекс Nikkei 225 падна за 7,05%, паѓајќи под границата од 52.000 за прв пат од јануари, додека Topix падна за 5,36%.
Softbank Group Corp беше меѓу најголемите губитници на индексот, паѓајќи повеќе од 11%, додека акциите поврзани со чипови како што се Advantest и Lasertec исто така паднаа за повеќе од 13% и 11%, соодветно.
Кинеските пазари забележаа помали загуби, при што индексот Hang Seng на Хонг Конг падна за 2,75%, а CSI 300 на континентална Кина за 1,65%.
Австралискиот S&P/ASX 200 падна за 3,2%, намалувајќи ги претходните загуби.
Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп објави на Truth Social дека порастот на „краткорочните цени на нафтата“ е „многу мала цена што треба да се плати“ за уништување на нуклеарната закана од Иран.
„Само будалите би размислувале поинаку!“, додаде Трамп.