Азески со тим од Комората во посета на „Еуроникел“, „Кожувчанка“ и „Маталопромет-Струмица“

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети компаниите „Еуроникел“ (поранешен ФЕНИ), „Кожувчанка“ и „Металопромет-Струмица“.
Целта на посетата, како што се наведува во најавата, е Комората да даде поддршка на компаниите кои се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза.
Стопанската комора информира дека деновиве е во интензивни разговори со своите членки, со цел во јавноста да ги реафирмира нивните барања за ублажување на последиците од кризата.