Автопортрет на Рембрант продаден за 16 милиони евра


Англија– „Автопортретот со црна капа“ на холандскиот сликар Рембрант ван Ријн, од 1632 година, е продаден за 14,5 милиони фунти (речиси 16 милиони евра) на интернет наддавање на аукциската куќа „Сотби“. За сликата биле заинтересирани шест понудувачи.

Аукциската куќа соопшти дека станува збор за нов рекорд за автопортрет на холандскиот сликар. Претходниот рекорд го држеше автопортретот продаден на аукција за 6,9 милиони фунти во 2003 година.

Сликата што се продава денеска е една од трите автопортрети на сликарот, кои се во приватна сопственост. Наддавањето се одржа на интернет.

– Како што глобално се менуваше уметничкиот свет, ние ја искористивме можноста да работиме поинаку, рече Хелена Њуман, претседателка на Сотби за Европа.

Меѓу највредните слики на оваа аукција е „Жената со црвена капа“ на Жуан Миро од 1927 година, проценета на 20 до 30 милиони фунти. Триптихот на Банкси – „Поглед на Средоземното Море“, насликан 2017 година, исто така е меѓу понудените.