Австрија тотално ќе се заклучи?

Цела Австрија може од понеделник да се најде целосно заклучена поради растечкиот број новозаразени од корона вирус, јавуваат тамошните медиуми.
Властите разработија различни сценарија на целоноќниот состанок одгржан во хотел на езерото Ахен.
Се затвораат повеќе дуќани, се очекува забрана за движење
Како што наведува весникот „Heute“, повикувајќи се на извори блиски до владејаќката коалиција, од понеделник цела Австрија би можела да биде во потполн локдаун. Се очекува затворање на угостителски објекти и услужни дејности, додека училиштата и градинките ќе бидат отворени само за работници вработени во есенцијални сектори кои овозможуваат функционирање на општеството.
Единствено ќе работат супермаркети и аптеки. Движењето би било забрането, освен за набавка на основни продукти, до аптека или кај лекр. Засега е познати дека локдаунот би траел 10 дена, а по истекот на тие денови че се расправа дали ќе се продолжи уште толку.
Австриските медиуми наведуваат дека локдаунот за невакцинираните ќе остане на сила независно од траењето на заклучувањето за цлеата популација.
Конечната одлука треба да биде објавена на пладне.
Сериозно се размислува за задолжителна вакцинација
Како што јавува ОРФ, властите расправале и за можно воведување задолжително вакцинирање. Тој медиум наведува дека се разговара од јануари следната година задолжителното вакцинирање да се воведе со закон. Кршењето на таа обврска би се казнувало со високи парични казни или затвор.
Со тоа Австрија би станала првата земја која би вовела задолжителна вакцинација во ЕУ.
Инаку, два австриски региона се најпогодени со кроона вирус, Салцбург и Горна Австрија, кои од понеделник најавија воведување карантин за цела популација.
Вчера во Астрија беа забележани 15.145 нови случаи со Ковид-19. Во Салцбург имаше 1.700, а во Горна Австрија 1.600. Двата региона имаат најниска стапка на вакцинираност.