Австрија со нов совет за штедење: Децата сами да одат во училиште
Министерството за енергетика на Австрија објави нов совет за граѓаните како може да заштедат енергија, поради големата цена на енергенти.
Министерството истакнува дека децата сами би требало да одат во училиште пеш или со градски превоз, место со „семејно такси“.
Тоа е добро за самостојноста на децата, но и за заштита на климата, додаваат од таму.
„Децата кои сами одат во училиште стекнуваат рутина и стануваат посамостојни. Од „семејното такси“ треба да се откажат“, истакнува министерството, но ги советува родителите пред да ги пуштат децата сами да одат во училиште, во повеќе наврати со нив да ја изодат патеката и да ги научат на сообраќајните правила.