Австрија не е подготвена за нов бран зарази – набавете основни продукти


Експерти предупредуваат дека Австрија не е подготвена за нов бран, кој наидува на земјата, со ширење на омикрон сојот.

Се стравува и од проблеми во снабдувањето. Исто така, со истовремено разболување на поголем број граѓани, со задолжителен карантин, може да дојде до проблем во критична инфраструктура, како што се болници, полиција, пожарникари, итна помош, телекомуникација, но и снабдување со струја и вода.

Експертот за „блекаут“ Херберт Сауруг ги повика граѓаните да се снабдат со важни продукти и со лекови.

„Кога ќе стигне бранот може да дојде до прекин на синџирот за снабдување со намирници. Не треба да се паничари, но е неопходно да ги обезбедат основните продукти за период од две недели“, вели тој.

Сауруг истакнува дека Австрија мора да биде подготвена на криза пред петтиот бран на епидемијата и дека веќе мора да се преземат мерки.