Австриец загина на патот Тетово-Попова Шапка, со возило излетал од патот


Австриски државјанин загина вчера откако со своето возило возејќи се на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка излетал со своето возило. Во несреќата тој им подлегнал на повредите и починал.

„На 07.04.2024 околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Попова Шапка, патничко моторно возило „рено меган” со австриски национални ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово“.