Австралискиот премиер ја изгуби власта


 

Австралискиот премиер Скопт Морисон ја изгуби власта откако земјата ја избра својата прва лабуристичка влада по девет години, наведуваат локалните мрежи.

Лидерот на Лабуристичката партија Ентони Албанез ќе биде следниот премиер на Австралија, судејќи според проекциите на три големи телевизиски мрежи, пренесе Си-ен-ен.

Австралиската радиодифузна корпорација, „7 Њус и Скај њус Австралија“ проектираа резултати, затоа што гласовите уште се пребројуваат по денешните избори.

Ниедна мрежа уште не предвидела дека лабуристите ќе освојат мнозинство од 76 места, но медиумите веруваат дека Либерално-националната коалиција на Скот Морисон нема пат до мнозинска или малцинска влада.