Австралија ќе произведува ракети за САД, потврди австралискиот министер за одбрана


Австралија ќе произведува ракети за САД, потврди денеска австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс.

Тој рече дека тоа ќе ќе се случи откако Вашингтон ќе и помогне на Канбера да започне сопствено производство. „Се надеваме дека ќе имаме ракетно производство во Австралија во рок од две години како дел од колективната индустриска база меѓу нашите две земји“, рече Марлс за новинарите по завршувањето на годишните билатерални министерски консултации со САД.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, на истата прес-конференција прецизираше дека станува збор за реактивни системи за повеќекратно ракетно лансирање наведувани проектили.

Нивното производство е планирано да започне до 2025 година, додаде Остин.

Прашањата како што се напредокот во договорот за продажба на американски нуклеарни подморници на Австралија, регионалната безбедност и чистата енергија беа, исто така, во центарот на овогодинешниот дијалог меѓу двата сојузници.