Авиокомпанија драстично казнета за вечно доцнење: Го губи правото на слетување
Авиокомпанијата „Раjанер“ ги губи правата за слетување во Ајндховен поради доцнење на летовите.
Ирската авиокомпанија „Раjанер“ изгуби два од своите слота за слетување на аеродромот во Ајндховен поради чести доцнења на летовите, објави холандскиот весник „Ејндховенс Дагблад“.
Координацијата на аеродромите на Холандија (ACNL), телото кое доделува слотови, откри дека „Рајанер“ доцнел на летовите во понеделник навечер од Софија и во четврток навечер од Пиза, објави Ројтерс.
Како резултат на тоа, авиокомпанијата беше исклучена од два слота во следниот летен распоред, казна што ретко се изрекува, објави весникот.
ACNL и „Раџанер“ не одговорија на барањата за коментар.