„Авенга академи“ организира „Challenge Day“: Стипендии во вредност од 100.000 евра за идните ИТ професионалци

Настанот ќе се одржи паралелно во просториите на „Авенга академи“ во Скопје и Охрид, од 11:00 до 14:00 часот, и е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат на програмите што академијата ги нуди – меѓу кои Sales, UI/UX Design, Digital Marketing и Software Testing.
Во рамките на „Challenge Day“, кандидатите ќе имаат можност да учествуваат во селекциски тест на лице место, со кој ќе се вреднуваат нивните предзнаења и потенцијал. Најуспешните ќе добијат стипендии во вредност до 70% од школарината, како дел од севкупниот стипендиски фонд од 100.000 евра.
По завршувањето на селекцискиот дел, следува неформален дел од програмата: музички сет во живо, вкусни бургери и пијалоци, како и мотивациска зона „PROcharge“, организирана во соработка со ProCredit Bank – атмосфера која инспирира, опушта и мотивира.
Секој кандидат може да аплицира само за една академија преку е-пошта [email protected], контакт телефони 075 334 547 (Скопје) и 078 341 777 (Охрид).