Чудо: Албанци останале без работа во јавната администрација


Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи  запраша денес од собраниската говорница „како да им се помогне“ на околу 80 Албанци вработени во јавната администрација со договор на дело, чии договори истекле во декември 2020 година и не им се продолжени за време на пандемијата. На прашањето одговори премиерот Зоран Заев потсетувајќи дека една од мерките беше …

Чудо: Албанци останале без работа во јавната администрација Read More »

Тројца Кумановци обвинети за создавање „ќелија„ на ИСИС


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведената истражна постапка, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против три лица од Куманово, на кои им се ставаат на товар кривичните дела „терористичка организација“ и „тероризам“, според член 394-а, односно 394-б од Кривичниот законик. Како …

Тројца Кумановци обвинети за создавање „ќелија„ на ИСИС Read More »

Фазљиу: За албанската култура само 18 отсто од сретствата на Министерството


 Годинава, Албанците од Mинистерството за култура ќе добијат еден милион и петстотини и осумдесет илјади евра од вкупно осум милиони и седумстотини седумдесет илјади евра, и ако ова го преведеме во проценти, тогаш можеме да заклучиме дека се издвоени само 18 отсто за албанската култура, истакна на денешната прес-конференција Фатон Фазљиу од коалицијата Алијанса за …

Фазљиу: За албанската култура само 18 отсто од сретствата на Министерството Read More »

СЗО и ЕК работат на донациите на вакцини за земјите на Балканот


 Светската здравствена организација работи со Европската комисија за координирање на донациите на вакцини за коронавирус за други земји на континентот, изјави денеска директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге. На прашањето за дозите за земјите на Балканот, Клуге на прес-конференцијата рече: „Ние тесно соработуваме … со Европската комисија на сите нивоа за прашањето …

СЗО и ЕК работат на донациите на вакцини за земјите на Балканот Read More »

Заев не гледа политичко влијание за „Монструм“


Премиерот Зоран Заев ги отфрли тврдењата на пратеникот Скендер Реџепи денес во Собранието дека има некакво политичко влијание во процесот „Монструм“  и дека, според него, се осудени невини луѓе. Тој порача дека целосно го исполнил ветувањето да даде се  што можело да се употреби околу расветлување на случајот, со конечна цел да се дојде до …

Заев не гледа политичко влијание за „Монструм“ Read More »

„Шкупи“ бара да и бидат прифатени проектите што ги одби Министерството за култура


Издавачката куќа „Шкупи“ јавно ги повикува министерката за култура Ирена Стефоска, премиерот Зоран Заев и првиот заменик премиер Артан Груби да ги поддржат во целост нејзините осум одбиени проекти, како и пријавите за учество на четирите меѓународни саеми на книга: во Франкфурт, Истанбул, Софија и Тирана. Како што рече денеска директорот на ИК „Шкупи“, Азам …

„Шкупи“ бара да и бидат прифатени проектите што ги одби Министерството за култура Read More »

Јанушев до Николовски: Дали вашиот брат преку фирма наплаќа готовина без фискална сметка?


На денешната собраниска седница, Игор Јанушев, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  го праша  вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, дали знае дека неговиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, а при тоа крши закони. „ Плаќање во готово без издавање на фискална сметка и фискални уреди не …

Јанушев до Николовски: Дали вашиот брат преку фирма наплаќа готовина без фискална сметка? Read More »

РЕК Битола се брани: Одлагањето на пепел е на минимално ниво


РЕК Битола излезе со реакција откако Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) го задолжи континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите, соодветно да го складира и обележува опасниот отпад, како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбажажа од отпадни масла.на  -Од 2017 година, …

РЕК Битола се брани: Одлагањето на пепел е на минимално ниво Read More »

Бочварски уверен дека Охрид ќе го задржи статусот во УНЕСКО


Сите институции застануваме во заштита на охридското крајбрежје на УНЕСКО и ги преземаме сите ингеренции што ги имаме во однос на тоа да го поправиме впечатокот, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој вели дека прашањето со дивоградбите нема да се реши преку ноќ. – Министерството за транспорт и врски преку Влада …

Бочварски уверен дека Охрид ќе го задржи статусот во УНЕСКО Read More »

Легализирани 265.264 бесправно изградени објекти, новиот рок со казнени пенали


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешното доделување на решенија за легализација во општина Ѓорче Петров, рече дека досега биле легализирани вкупно 265.264 бесправно изградени објекти и најави продолжување на рокот за легализација. -Според новиот Предлог-закон за бесправно изградени објекти, надоместокот за комуналиите ќе биде зголемен за 50 проценти како казнен пенал којшто …

Легализирани 265.264 бесправно изградени објекти, новиот рок со казнени пенали Read More »

Јанчев: Не сум за предвремени избори


Јас лично се уште не сум вклучен во Иницијативниот одбор за вонреден Конгрес. Немам информации колку делегати има. Амбициите на секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ и кој што мисли дека може да направи подобро за партијата, мислам дека треба да направи програма и да и помогне на партијата, вели градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во „Утрински …

Јанчев: Не сум за предвремени избори Read More »

Кој смее да употребува Македонија?


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на седницата за пратенички прашања ги отфрли толкувањата на министерот за правда Бојан Маричиќ дека, откако е влезен во сила Преспанскиот договор, терминот Македонија не смее да се употребува во надворешна и внатрешна комуникација „од сите“, што значи не само државни институции туку и приватни.  -Како правник, можам да кажам …

Кој смее да употребува Македонија? Read More »

Трет градоначалник позитивен на коронавирус


    Градоначалникот на Крушево Томе Христоски е позитивен на коронавирус, а од вчера бил префрлен во Инфективната клиника во Скопје, пишува Фокус.мк Според нивните информации, градоначалникот ги почувствувал првите симптоми во неделата вечерта, додека пак во понеделникот добил позитивен тест на коронавирус. Засега не е познато колку време ќе остане на лекување, а од …

Трет градоначалник позитивен на коронавирус Read More »

ДИЖС го задолжи РЕК Битола соодветно да го складира опасниот отпад


 По последниот извршен надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во РЕК Битола, овој комбинат се задолжи континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите, соодветно да го складира и обележува опасниот отпад, како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбажажа …

ДИЖС го задолжи РЕК Битола соодветно да го складира опасниот отпад Read More »

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО


 Од овој викенд, службите на Инспекторатот на Град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во Скопје Зоо. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките. Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ Зоолошката градина Скопје ја започнува кампањата за заштита и …

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО Read More »

Денес и утре средба на Историската комисија со Бугарија


Записникот од десеттата средба, учебниците за седмо одделение кај нас, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат теми на дискусија денеска и утре на 12. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Состанокот ќе се одржи онлајн поради состојбата …

Денес и утре средба на Историската комисија со Бугарија Read More »

Захариева: ЕУ не е Југославија, не попуштам на притисоци од Северна Македонија


Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева денеска гостуваше во утринската емисија на БТВ, каде повторно го даде своето мислење за европската интеграција на Македонија. – Ниту една земја членка на ЕУ, ниту пак САД може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. …

Захариева: ЕУ не е Југославија, не попуштам на притисоци од Северна Македонија Read More »

И Павле Трајанов најавил во Собранието дека ќе дејствува самостојно од СДСМ


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, околу критиките на опозицијата дека цел месец нема седница бидејќи владеечкото мнозинство не може да обезбеди кворум, порача дека не е негова одговорност  да обезбеди мнозинство туку пратениците треба да дојдат на работа. -Сите имаат обврска да дојдат, работата им е професионална и за тоа примаат плата, а друго се …

И Павле Трајанов најавил во Собранието дека ќе дејствува самостојно од СДСМ Read More »

Села: Некој посилен од Заев му наредил на Мијалков да се врати


Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 рече дека некој посилен од Заев и Мијалков наредил токму тој сам да се пријави во Обвинителството. За Села ова е скандалозен чин, а Мијалков контроверзна личност. „Мијалков е човекот кој даде оставка веднаш по настаните во Диво Насеље. Ова …

Села: Некој посилен од Заев му наредил на Мијалков да се врати Read More »

Унгарија: Три четвртини од вработените би продолжиле да работат од дома


Три четвртини од вработените Унгарци, кои учествуваа во истражувањето на Reacty Digital, изјавија дека би сакале да продолжат да работат од дома најмалку еден ден во неделата, дури и кога ќе се подобри епидемиолошката состојба. Според податоците добиени во оваа анкета, работата од дома генерално повеќе им одговара на оние со високо образование, а голем број сметаат …

Унгарија: Три четвртини од вработените би продолжиле да работат од дома Read More »