Фазљиу: За албанската култура само 18 отсто од сретствата на Министерството


 Годинава, Албанците од Mинистерството за култура ќе добијат еден милион и петстотини и осумдесет илјади евра од вкупно осум милиони и седумстотини седумдесет илјади евра, и ако ова го преведеме во проценти, тогаш можеме да заклучиме дека се издвоени само 18 отсто за албанската култура, истакна на денешната прес-конференција Фатон Фазљиу од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во врска со објавувањето на резултатите од Годишната национална програма на Министерството за култура од последниот конкурс за финансирање на проекти од областа на културата.

Фазљиу потенцира дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива воопшто не е изненадена од објавените скандалозни резултати, кои, како што рече, уште еднаш го потврдуваат ставот дека оваа Влада, како и во која било друга област и во културата ја продолжува парадигмата на дискриминација кон Албанците.

-Во библиотечната дејност од вкупно осум проекти на правните или физичките лица само двајца се Албанци. Изразено во парични средства, библиотеките во албанските региони ќе добијат само 4.650 евра од вкупно 10.097 евра. Што се однесува до националните институции, од вкупно 111 проекти само седум се албански во вредност од 11.382 д вкупно 204.000 евра. Во однос на дејноста драма каде што се вклучени националните институции, правните и физичките лица, јасно може да се забележи големата разлика меѓу финансирањето на албанските и македонските проекти. Вреди да се спомене дека фестивалот Акт фест и Стенд ап комедијата кои во изминатите две години беа вистинска свежина во Скопје за љубителите на драмата и комедијата не беа поддржани. Ако зборуваме со бројки, ова значи дека 1 милион и 400 илјади евра од вкупната сума, само 440 евра се за поддршка на албанските проекти и 77 илјади евра се доделени за другите етнички заедници. Во дејноста заштита  на културно наследство од вкупно 1 милион и 793 илјади евра помалку од 65 илјади евра се  предвидени за проекти, истражување и заштита на наследството во албанските региони, а за помалите етнички заедници помалку од четири илјади евра, рече Фазљиу.

Ние, рече тој, за албанската култура одобривме 45 отсто од вкупната сума, која со жалби стигна на 50 отсто.

-И ако на некого уште не му е  јасно зошто овој состав на Министерството за култура го напаѓаат поранешниот министер за култура Хисни Исмаили е токму овој успех што ги разочарува, но и нивната неуспешна надеж дека на овој начин ќе извршат притисок врз нас за ова мнозинство да опстои. Нам ни е жал што тие сакат да го покријат нашиот успех со клевети. Денеска ги имате резултатите јавно објавени за да видите сите дека две албански партии таму не успеваат да произведуваат тоа што го постигнавме ние додека го водевме ова Министерство, посочи Фазљиу.