(ВИДЕО) Заев, Вархеји и Едштадлер од вакциналниот пункт: Ова е само почеток на помошта


„Ова е многу добар ден за Западен Балкан и прекрасен ден за Северна Македонија. Конечно можеме да ги испорачаме првите вакцини. Гледам зад параваните дека кампањата за вакцинација е почнат. Не беше лесно, работевме со огромна помош и напор на австриската влада за да се случи ова и да ви покажеме дека ни е грижа …

(ВИДЕО) Заев, Вархеји и Едштадлер од вакциналниот пункт: Ова е само почеток на помошта Read More »

Владата ќе основа медиумски фонд за проекти од јавен интерес


  Владата по опсежни анализи и дебати, како и консултации со домашни и меѓународни институции, смета дека се прифатливи најголем дел од барањата на медиумите и медиумските работници, кои се однесуваат на најавените медиумските реформи, брифираат владини извори за МИА. Пакетот медиумски реформи главно се однесува на прифаќање на дел од барањата на медиумите и еснафските …

Владата ќе основа медиумски фонд за проекти од јавен интерес Read More »

Германија ги укинува мерките за вакцинираните


 Во Германија, според предлог-законот одобрен од Владата, луѓето кои се вакцинирани со двете дози против Ковид-19 повеќе нема да имаат потреба да го почитуваат полицискиот час. – Исто така, ќе им биде дозволен пристап до продавници и други објекти без да обезбедат негативен ПЦР тест, што во моментов се бара од останатиот дел од населението, …

Германија ги укинува мерките за вакцинираните Read More »

Пендаровски на средба со европарламентарецот Шидер


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Андреас Шидер, австриски европратеник и копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија. На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени силната поддршка од Европскиот Парламент и дека истата придонесува за подобрување на политичката атмосфера во земјата и го забрзува процесот на пристапување кон Европската …

Пендаровски на средба со европарламентарецот Шидер Read More »

ЕМА започна со тестирање на кинеската вакцина Синовак


Европската агенција за лекови денеска соопшти дека започна тестирање во реално време на кинеската вакцина Синовак против Ковид-19, врз основа на претходните тестови кои покажаа дека произведува имунолошки одговор против коронавирусот. Податоците за кинеската вакцина ќе бидат истражени во реално време за да се забрза потенцијалното одобрување, соопшти ЕМА. Тоа е прва кинеска вакцина тестирана …

ЕМА започна со тестирање на кинеската вакцина Синовак Read More »

Заев: Името и дејноста на Гоце Делчев се синоним на македонската државност


Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците, напиша премиерот Зоран Заев на својата фејсбук-страница. -Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор …

Заев: Името и дејноста на Гоце Делчев се синоним на македонската државност Read More »

Писонеро: Вакцините за Западен Балкан се знак дека ЕУ се грижи за регионот


Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро нагласи дека доставувањето на вакцини за земјите од Западниот Балкан од страна на ЕУ се доказ дека иднината на регионот е во Европската Унија, јави дописничката на МИА од Брисел. На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел, Писонеро нагласи дека испораката на првите вакцини за …

Писонеро: Вакцините за Западен Балкан се знак дека ЕУ се грижи за регионот Read More »

ЕУ за првпат авторизира инсект како прехранбен производ 


 Земјите членки на ЕУ одобрија препорака на Европската комисија да се авторизира употребата на сушени брашнени црви како прехранбен производ во Унијата, јави дописничката на МИА од Брисел.   Ова е првпат во историја Агенцијата за безбедност во исхраната на ЕУ да дозволи употреба на инсект на европскиот пазар.   Како што објаснуваат од Европската …

ЕУ за првпат авторизира инсект како прехранбен производ  Read More »

Симоновски: Купувањето на противпожарната скала е неопходно


Купувањето на противпожарната скала за Град Скопје е повеќе од неопходно. Купена е по наша препорака и врз основа на направена анализа, изјави денеска командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. Во изјава за медиумите денеска Симоновски нагласи дека направени се испитувања на теренот и на потребите на градот и оти според анализата, …

Симоновски: Купувањето на противпожарната скала е неопходно Read More »

Димитров: Време е да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ


 Време е да почнеме пристапни преговори. Вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, бидејќи ние сме земја кандидат 16 години, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заеничката кој по билатералната средба со австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер. Одговарајќи на новинарско прашање дали се очекува и други земји да …

Димитров: Време е да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ Read More »

Шилегов ја повика ДКСК да ја провери набавката на противпожарното возило


Градоначалникот Петре Шилегов денеска се обрати до Државната комисија за спречување на корупцијата со барање за испитување на наводните сомнежи за постоење корупција и судир на интереси при реализација на набавката на специјализираното возило – противпожарна скала, која претставува единствена опрема од ваков тип на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. -Вчера, претседателот на …

Шилегов ја повика ДКСК да ја провери набавката на противпожарното возило Read More »

Несими ја тужи Македонија за лустрацијата


 Поранешниот македонски амбасадор во Хрватска, Махи Несими, денеска во Граѓанскиот суд Скопје, поднесе тужба против Северна Македонија, затоа што, како што тврди, е крајно оштетен со решението на Комисијата за верификација на фактите. По првото рочиште во Граѓанскиот суд, Несими посочи дека со решение на Управниот суд, тој е прогласен за невин и врз основа …

Несими ја тужи Македонија за лустрацијата Read More »

Вархеји доаѓа во Македонија со 4.680 вакцини


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вечерва во Белград ја започна својата посета на земјите на Западен Балкан каде ја донесе првата донација на ЕУ од 1.170 вакцини на Фајзер/Бионтек, јави дописникот на МИА од Белград. Како што беше најавено претходно во Виена, после Србија, Црна Гора ќе добие 2.340 дози вакцини на Фајзер, потоа Босна …

Вархеји доаѓа во Македонија со 4.680 вакцини Read More »

Почнува масовната вакцинација, граѓаните се жалат на грешки во поканите


Од утре започнува масовната вакцинација на граѓаните со кинеските вакцини на „Синофарм“, кои се распределуваат во шест градови во Северна Македонија, каде во идниот период ќе бидат отворени вакцинални пунктови. Салите каде ќе се одвива процесот на масовна имунизација се подготвени. Обезбедените 200.000 вакцини, најдоцна до утре треба да бидат дистрибуирани во спортската сала „Борис Трајковски“, како …

Почнува масовната вакцинација, граѓаните се жалат на грешки во поканите Read More »

Вакцините даваат резултат: Само еден умрен за 24 часа во Велика Британија


  Во изминатите 24 часа, Велика Британија забележа само еден смртен случај од последиците на коронавирусот, што не се случило во последните девет месеци. Евидентирани се 1.649 нови случаи, што е најмал број на новоинфицирани за еден ден од септември минатата година. Ова е доказ дека вакцините против коронавирус се ефикасни. Велика Британија е меѓу …

Вакцините даваат резултат: Само еден умрен за 24 часа во Велика Британија Read More »

Социјалистите собраа 50 пратенички потписи за смена на Илир Мета


Албанските социјалисти собраа потписи од 50 пратеници, колку што се доволни во Парламентот да почне иницијатива за смена на шефот на државата, Илир Мета. Она што може да се забележи во документот за смена на Мета е фактот дека меѓу потписниците не се наоѓа премиерот Еди Рама, кој уште за време на изборната кампањата изјави …

Социјалистите собраа 50 пратенички потписи за смена на Илир Мета Read More »

Данска ја забрани вакцината на Џонсон и Џонсон


Данска одлучи да не ја вклучува вакцината на Џонсон и Џонсон во својата програма за имунизација против Ковид-19, објавија локалните медиуми. Минатиот месец Данска прекина со употреба и на вакцината на Астра Зенека поради можна ретка појава на згрутчување на крвта, а исклучувањето на вакцината на Џонсон и Џонсон, која сочинува една третина од нарачаните …

Данска ја забрани вакцината на Џонсон и Џонсон Read More »

Октоберфест откажан втора година по ред


Најголемиот и најпознат светски фестивал на пивото Октоберфест, кој требаше да се одржи од 18 септември до 3 октомври во Минхен, е откажан втора година по ред поради пандемијата на коронавирусот, изјави денеска баварскиот премиер Маркус Седер. Според него, здравствената ситуација и понатаму е многу небезбедна за да може „најголемиот од сите собири“ да се …

Октоберфест откажан втора година по ред Read More »

Македонија во третиот шешир за ЕП во ракомет


Македонската ракометна репрезентација ќе се најде во третиот шешир при извлекувањето на групите за ЕП 2022, откако „црвено-жолтите“ како второпласирани ги минаа квалификациите и обезбедија учество на уште едно големо натпреварување. Заедно со Македонија дел од овој трет шешир се уште и Франција, Чешка, Исланд, Белорусија и Словачка, селекции со кои Македонија нема да може …

Македонија во третиот шешир за ЕП во ракомет Read More »

ЕМА почна со оценување на барањето на Фајзер за одобрување на вакцината кај деца


Европската агенција за лекови (ЕМА) почна со оценување на барањето на германската фармацевтска компанија БиоНТек и американската лабораторија Фајзер за одобрување на употребата на нивната вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од 12 до 15 години. ЕМА ќе изврши забрзана проценка на податоците, доставени од Фајзер и БиоНТек, а се очекува одлуката да биде …

ЕМА почна со оценување на барањето на Фајзер за одобрување на вакцината кај деца Read More »