Урбанистичко дивеење во Аеродром


Жителите на Аеродром се шокирани од иновативноста со која се уништува зелениот простор  во општината, во што спаѓа и последното инсталирање на железни маси и столици на малиот зелен  простор што преживеа пред кафе барот „Хепи“ и слаткарницата „Палма“. Како што се гледа од фотографиите, овие два дена на зелениот тријаголник со трева забрзано се …

Урбанистичко дивеење во Аеродром Read More »

Груевски и Мијалков ставени на црната листа на САД


  Стејт департментот на САД јавно ги посочи за вмешаност во голема корупција поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, поранешниот директор на Секторот за безбедност и контраразузнавањето (УБК) Сашо Мијалков, како и Гордана Тадиќ  од канцеларијата на главниот обвинител на БиХ. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот, исто така, ги означи членовите на нивното …

Груевски и Мијалков ставени на црната листа на САД Read More »

Пропаднатата држава на Путин


Неодамнешните успеси на Украина во одбивањето на руските сили ја истакнаа склерозата на наводно застрашувачката руска војска. Обложувајќи се на војна и освојување, режимот на Владимир Путин сега е политички банкротиран, претседавајќи со модерна Спарта која не може ни да победи на бојното поле. Војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина беше разоткриена како …

Пропаднатата држава на Путин Read More »

Tренчевска бара да се згрижат децата во градинките


Неопходно е градинките да функционираат непречено и да им се обезбеди згрижување на децата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. -Во делот на заменските воспитувачи и негователи, согласно законското решение донесено 2014 година се обезбедува непречено функционирање на детските градинки. Затоа им беше посочено на Директорите на установите претходно да ги известат …

Tренчевска бара да се згрижат децата во градинките Read More »

Судењето за случајот „Софтвери” продолжува утре


 Судењето за случајот „Софтвери” во кое првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски, продолжува утре откако денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје обвинителството продолжи со изведување на докази. На денешната расправа беа изведени докази од Обвинителството кои се однесуваат на разменети пораки помеѓу обвинетите во случајот, како и …

Судењето за случајот „Софтвери” продолжува утре Read More »

Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за членство во ЕУ


Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за пристапување во Европската унија, што претставува важен момент со кој се означува почеток на долгиот процес до полноправно членство. Прашалниците ги добија од комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, јави ДПА. Документот е „првиот чекор на вашиот европски пат“, му рече Вархеји на грузискиот министер за надворешни …

Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за членство во ЕУ Read More »

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Црна Гора


Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре – 12 и 13 април 2022 година, вторник и среда, ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора. Во Подгорица, утре – 12 април 2022 година, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по што ќе се …

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Црна Гора Read More »

Јанша и Голоб во „тесна трка“ пред парламентарните избори во Словенија


Актуелниот словенечки премиер Јанез Јанша и новиот кандидат за премиер Роберт Голоб се во „тесна трка“ две недели пред парламентарните избори, покажуваат анкетите. Според анкетата спроведена за неколку медиуми и објавена денеска од агенцијата Медијана, Движењето за слобода, формирано пред изборите од Роберт Голоб, истакнат менаџер кој долги години раководеше со голема државна енергетска компанија, …

Јанша и Голоб во „тесна трка“ пред парламентарните избори во Словенија Read More »

Испораката на првите шест американски оклопни возила во јуни


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека најмногу средствата во одбраната се насочени кон купување нова софистицирана опрема, а испораката на првите, како што е најавено, шест американски оклопни возила ќе почне некаде во јуни оваа година. Таа најави дека медиумите ќе бидат поканети да присуствуваат на нивното примопредавање. Инаку, најголемиот дел, повеќе од …

Испораката на првите шест американски оклопни возила во јуни Read More »

Кремљ: Приемот на Шведска и Финска во НАТО нема да ѝ донесе стабилност на Европа


 Евентуалниот прием на Шведска и на Финска во НАТО, нема да ѝ донесе стабилност на Европа, соопшти денеска Кремљ. – Во повеќе наврати рековме дека северноатлантската Алијанса останува оружје насочено кон конфронтација и дека нејзиното натамошно ширење нема да му донесе стабилност на европскиот континент, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање за …

Кремљ: Приемот на Шведска и Финска во НАТО нема да ѝ донесе стабилност на Европа Read More »

Се уште нема одлука дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилување на источната линија на НАТО


 Се уште таква одлука немаме донесено и како што се уверивме и од денешната вежба ги демантиравме сите скептици дека нашата Армија не е подготвена. Но, таа одлука ќе се донесе во периодот согласно со координацијата со НАТО-Алијансата и ако донесеме и кога ќе донесеме секако дека ќе ве известиме. Ова е одговорот од министерката …

Се уште нема одлука дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилување на источната линија на НАТО Read More »

Опаѓа бројот на Украинци кои влегуваат во Полска, расте бројот на повратници во Украина


Од почетокот на војната во Украина во Полска влегле 2.675.000 лица, соопшти денеска Полската погранична стража. Бројот луѓе што ја минуваат границата со Полска последните седмици значително опадна, додека расте бројот на оние што се враѓаат во Украина. Во текот на вчерашниот ден во Полска влегле 28.500 лица, два отсто помалку споредбено со саботата. Тоа …

Опаѓа бројот на Украинци кои влегуваат во Полска, расте бројот на повратници во Украина Read More »

Битиќи за Зекири: Владеење на правото важи и за власта


Владеење на право важи и за тие од власта, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го определувањето на 30-дневен притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството за склучен договор со консултантска фирма, на која и се исплатени повеќе пари од предвидениот договор. – Тоа се промените …

Битиќи за Зекири: Владеење на правото важи и за власта Read More »

ЕУ ќе разговара за воените злосторства во Украина со обвинителот на МКС


 ЕУ ќе разговара за нејзината поддршка за истрагите за воени злосторства во Украина на состаноците во следните два дена со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Европската комисија. Карим Кан, од судот со седиште во Хаг, в недела во Луксембург ќе се сретне со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, а …

ЕУ ќе разговара за воените злосторства во Украина со обвинителот на МКС Read More »

Мицкоски би го тргнал „20 отсто“ од Уставот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да се противи на барањата да се тргне принципот на 20 отсто застапеност за проширување на јазичните права на малцинствата.   „Навистина жалам што се уште има политички лидери во 21-от век кои зборуваат низ призмата на проценти и квоти. Јас одбивам да зборам за проценти и квоти, а сакам …

Мицкоски би го тргнал „20 отсто“ од Уставот Read More »

Ковачевски на средба со Мицотакис


За време на работната посета на Грција по повод учеството на Економскиот форум Делфи, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис.   На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорката на …

Ковачевски на средба со Мицотакис Read More »

Бесими најави ребаланс на буџетот


 Војната во Украина и последиците што ги носи на глобално, регионално, но и на локално ниво на секоја држава, беа во фокусот на овогодишниот, седми по ред Економски форум Делфи во Грција, што традиционално се одржува во градот Делфи, а на кој учествува и владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски. Од економските, геополитичките, но …

Бесими најави ребаланс на буџетот Read More »

Кампања за поголема сообраќајна култура: И јас и ти – сите сме пешаци!


 Подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот е целта на акцијата во склоп на новата кампања на Министерството за внатрешни работи (МВР), Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Факултетот за безбедност од Скопје „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста …

Кампања за поголема сообраќајна култура: И јас и ти – сите сме пешаци! Read More »

Радев: Петков да не отстапува


Очекувам бугарската Владата строго да се придржува до Декларацијата на Националното собрание на Бугарија, консензусот постигнат на Консултативниот совет за национална безбедност и на волјата на Бугарите за решавање на отворените прашања со Скопје пред почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев. – Ставот на Бугарија …

Радев: Петков да не отстапува Read More »

СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека направиле масакр врз зеленилото во Аеродром


СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека направиле масакр врз зеленилото во Аеродром .   -Додека секојдневно Тимчо Муцунски и Данела Арсовска се полни со зборови за зголемување на зеленилото во општина Аеродром и градот Скопје, делата покажуваат сосема поинаква состојба на терен. На  улицата „Васко Карангеловски“ вчера се случи масовна сеча на високостеблести зелени дрва.   …

СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека направиле масакр врз зеленилото во Аеродром Read More »