Само 13 Бугари се пожалиле на говор на омраза или дискриминација


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има добиено тринаесет претставки од страна на бугарски здруженија и граѓани. Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација вели дека најчесто се однесуваат на говор на омраза по социјалните мрежи, а имале и една претставка за дискриминација на работа и работни односи. -Заклучно со јуни, …

Само 13 Бугари се пожалиле на говор на омраза или дискриминација Read More »

Комисиската расправа за кризна состојба во енергетиката продолжува утре


  Во собраниската Комисија за одбрана и безбедност заврши денешниот дел од расправата за предлог-одлуките за подлжување на кризната состојба во енергетиката, која,  според најавите, ќе продолжи утре.   Комисијата втор ден расправаше за предлог одлуките за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државава заради недостиг на електрична енергија …

Комисиската расправа за кризна состојба во енергетиката продолжува утре Read More »

Битиќи очекува просечна годишна инфлација од 10 до 11 отсто


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека доколку се одржиме на проекциите на крај на годината просечната годишна инфлација ќе биде 10 до 11 проценти. Тој вечерва во гостување на ТВ Телма рече дека во период на криза дури и влегувањето во рецесија не е најстрашното што може да се случи и порача дека …

Битиќи очекува просечна годишна инфлација од 10 до 11 отсто Read More »

Ковачевски и сопругата на свечен прием организиран од Бајден


 Премиерот Димитар Ковачевски, со сопругата Елена Ковачевска, присуствуваше на свечениот прием за претседатели на држави и влади, организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации. -Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерството на Северна …

Ковачевски и сопругата на свечен прием организиран од Бајден Read More »

Блинкен: Не можеме да дозволиме Путин да помине неказнето


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика меѓународната заедница да го принуди рускиот претседател Владимир Путин „да ја плати сметката поради инвазијата на Украина“. „Не можеме да му дозволиме на претседателот Путин да помине неказнето“, рече шефот на американската дипломатија на седницата на Советот за безбедност посветена на Украина. „Меѓународниот поредок кој нè собра …

Блинкен: Не можеме да дозволиме Путин да помине неказнето Read More »

Аларм во институциите: И Собранието ќе се подготви за можни хакерски напади


Претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешната собраниска седница информира дека утре и во понеделник ќе се спроведе техничка контрола на ИТ инфраструктурата на Собранието за да се превенираат можни кибер напади. Ќе се проверува дали сајтот на Собранието и целокупниот информатички систем  е мета на хакерите и дали се доволно заштитени архивата и доверливите …

Аларм во институциите: И Собранието ќе се подготви за можни хакерски напади Read More »

АД ЕСМ демантира: Не склучуваме договори во четири очи


АД ЕСМ го информира Центарот за граѓански комуникации дека договорите во РЕК Битола за кои Центарот во последниот извештај изнесе дека се склучени во четири очи, всушност се склучени транспарентно и со избор на најповолна понуда од добиени понуди. Постапкат, според ЕСМ, е спроведена со повикани четири понудувачи за едниот договор и три понудувачи за …

АД ЕСМ демантира: Не склучуваме договори во четири очи Read More »

Невидена неодговорност во Собранието, ни одлуките за кризна состојба не можат да се донесат


Денешната собраниска седница не траеше ниту половина час, бидејќи  матичните комисии се уште  ја немаат завршено работата за првите четири точки од дневниот ред, меѓу кои е и Предлог-одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Македонија, заради недостиг на електрична енергија. …

Невидена неодговорност во Собранието, ни одлуките за кризна состојба не можат да се донесат Read More »

Џозеф: Договорот е за добрососедство, а однесувањето на Бугарија непријателско


  Само граѓаните на оваа земја може да кажат што е закана за македонскиот идентитетот, тоа не може да го каже никој од страна, ниту ЕУ, ниту САД, изјави денеска професор Едвард Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс од САД при неговата посета на Скопје.Професорот вели дека земјава се соочува …

Џозеф: Договорот е за добрососедство, а однесувањето на Бугарија непријателско Read More »

СДСМ реагира на блокадата на заемот на ЕСМ за преживување на енергетската криза


Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, реагира на предолгите дискусии на Комисијата за одбрана , особено сега кога околностите бараат брзи решенија.  -Сакам да има дискусии со аргументи, но очигледно таму има чиста злоупотреба само да се одлоговлечи времето за дискусија, нагласи Митрески. Тој додаде дека СДСМ е подготвен да дискутира и за …

СДСМ реагира на блокадата на заемот на ЕСМ за преживување на енергетската криза Read More »

Пендаровски: Да ја вратиме пристојноста во комуникацијата


Длабоко сум убеден дека соработката и заедничките акции на сите чинители во општеството се клучни во борбата против дискриминирачките содржини во интернет просторот, но и воопшто во јавниот живот. Спречувањето на оваа појава која сериозно ги разнишува основните темели на секое општество кое цели кон инклузивност, мора да стане национален приоритет, нагласи денеска претседателот на …

Пендаровски: Да ја вратиме пристојноста во комуникацијата Read More »

Маричиќ – Вархеји: Сите во Македонија да застанат зад европската иднина на земјата


Процесот на скрининг на земјава со ЕУ, следните активности во процесот на преговорите за членство и актуелната политичка ситуација во Северна Македонија, беа меѓу главните теми на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји. – Во вистински и клучен момент ја потврдивме европската …

Маричиќ – Вархеји: Сите во Македонија да застанат зад европската иднина на земјата Read More »

Ѓукановиќ: На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика


Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека не сака да прејудицира што ќе прави доколку Собранието на Црна Гора не го скрати својот мандат на 30 септември, но изјави дека неговиот потег ќе биде во согласност со Уставот. – На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика, изјави Ѓукановиќ …

Ѓукановиќ: На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика Read More »

Русија разменила 200 украински бранители за да го добие Медведчук


Украина успеа да врати 215 украински војници, меѓу кои и повеќе од 100 бранители на Азовстал, од кои  пет команданти на Азовскиот полк, прогласен за терористичка организација во Русија. Размената беше изненадување на денот кога рускиот претседател Владимир Путин остро го ескалираше конфликтот со најава на делумна воена мобилизација – прва по Втората светска војна …

Русија разменила 200 украински бранители за да го добие Медведчук Read More »

Претседателот на рускиот Парламент ги повика пратениците да војуваат


Рускиот парламентарен лидер Вјачеслав Володин ги повика пратениците на Државната дума да учествуваат во војната во Украина по наредбата за делумна мобилизација. – Оние кои ги исполнуваат условите за делумна мобилизација треба да помогнат со нивното учество во специјалната воена операција, објави денеска шефот на Думата на својот канал на Телеграм, пренесува ДПА. – Нема …

Претседателот на рускиот Парламент ги повика пратениците да војуваат Read More »

ЕУ бара Русија веднаш да ги ослободи затворениците на Крим


Европската Унија очекува веднаш сте нелегално затворени Украинци да бидат ослободени од страна на Русија, вклучително и на Крим, јави дописничката на МИА од Брисел. Руските власти на Крим, кои се сметаат за нелегитимни од страна на ЕУ, вчера прогласија казни против неколку политички претставници како првиот потпретседател на владата на кримскиот татарски народ, Нариман …

ЕУ бара Русија веднаш да ги ослободи затворениците на Крим Read More »

Кипарскиот претседател ја откажал средбата со Лавров во Њујорк


Поради обраќањето на Путин и насоките од ЕУ да се избегнуваат контакти со Русија, планираната и договорена средба на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Њујорк, била откажана од страна на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на кипарската Влада Мариос Пелеканос говорејќи за кипарското државно радио, …

Кипарскиот претседател ја откажал средбата со Лавров во Њујорк Read More »

Јаневска: Ако има пари за патувања, треба да има и за настава со физичко присуство


Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ  порача дека наставата со физичко присуство е најдобра за учениците и дека, ако има пари за патувања и службени автомобили, мора да се обезбеди и за оваа намена. – Онлајн наставата во изминатиот период не даде задоволителни резултати во Македонија. Изминатите неколку години воглавно поради пандемијата и други разни причини, како …

Јаневска: Ако има пари за патувања, треба да има и за настава со физичко присуство Read More »

Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики со Македониумот


  Македонскиот претседател Стево Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики од дизајнерот Сатја Грабулоски. Патиките од марката Најки се специјално изработени за претседателот , а на нив се нацртани Македониумот и претседателскиот грб. Специјалните патики се дел од изложбата „Зад Македониумот“ што се отвори вчера попладне во претседателската палата, а на која ќе може …

Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики со Македониумот Read More »

Османи – Ескобар: Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД дава резултати


 Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан при што се осврнале и на стратешкиот дијалог. Како што соопшти МНР, соговорниците изразија задоволство што Стратешкиот …

Османи – Ескобар: Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД дава резултати Read More »