Мицкоски со нов услов: Марија Габриел да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да ја покани бугарската колешка Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените 12 младинци во Ваташа и да побара прошка.   „Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет и да ми кажува што мисли Бугарија за мене. …

Мицкоски со нов услов: Марија Габриел да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини Read More »

Ковачев ја нарече „чудна појава“ резолуцијата на Бундестагот


Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја критикуваше резолуцијата на германскиот Бундестаг за недвосмисленоста на македонскиот идентитет, јазик и култура „како чудна појава“.   -Една земја е толку несигурна во својот идентитет, јазик и култура што мора да побара од друга земја со политичка одлука на законодавно тело да и ги признае јазикот, културата и идентитетот.Германскиот парламент, …

Ковачев ја нарече „чудна појава“ резолуцијата на Бундестагот Read More »

Курти дојде на Преспа форумот


Премиерот на Косово. Албин Курти, кој е под силен притисок на меѓународната заедница да го стабилизира Косово и да ги исполни договорите потпишани досега со Србија, дојде на Преспа форумот со Струга. Дали ќе зборува – не се знае, бидејќи неговото име го нема во официјално објавената генда на говорници за денеска. сепак Курти имаше …

Курти дојде на Преспа форумот Read More »

Столтенберг: Договорите обезбедуваат слобода, алтернативите катастрофа


  Светот се наоѓа на крстопат, од каде едната насока води кон страв, опресија и војна, додека другата страна води кон надеж, демократија и мир. Тоа е патот кој НАТО секогаш ќе го одбере. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето видеообраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ …

Столтенберг: Договорите обезбедуваат слобода, алтернативите катастрофа Read More »

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не помогнала околу резолуцијата на Бундестагот


  СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не помогнала околу резолуцијата на Бундестагот за која единствени што не гласаа вчера беа ЦДУ/ЦСУ од политичкото семејство на народните партии.  „Јавноста многу добро знае чија заслуга е резолуцијата во германскиот Бундестаг и за жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак …

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не помогнала околу резолуцијата на Бундестагот Read More »

Левица тврди: Собранието прави „чистка“ на законите бидејќи очекува избори


Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, смета дека се подготвуваат предвремени избори веднаш по уставните измени и дека потврда за тоа е што во Собранието забрзано се ставаат на дневен ред заостанати седници. „Тоа што беа ставени 11 продолженија на Седници на дневен ред е јасен индикатор дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова е всушност …

Левица тврди: Собранието прави „чистка“ на законите бидејќи очекува избори Read More »

(Во живо) Расправата во Бундестагот за Македонија


Во германскиот Бундестаг тече расправата за резолуцијата за пристапувањето на Македонија во ЕУ што е дел од дебатата за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Преносот може да го гледате на следниов линк:  https://www.bundestag.de/mediathek/live Резолуцијата за Македонија е на три страници густ текст и плус 13 препораки до владата што треба да направи да …

(Во живо) Расправата во Бундестагот за Македонија Read More »

Ковачевски: Без Заев немаше да има ни Преспа, ни форум, ни дијалог


  Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на обраќањето на главната дебата на Преспа форумот го нарече визионер екс премиерот Зоран Заев порачувајќи дека без него ќе немало ни Преспа, ни форум, ни дијалог денес. -Со договорот од Преспа и сите следни чекори до денес, ние ја обновивме вербата во дипломатијата, промовирајќи го отворениот дијалог како придобивка. …

Ковачевски: Без Заев немаше да има ни Преспа, ни форум, ни дијалог Read More »

Инцидент на Преспа форумот, видео-бим падна врз модераторка


  На Преспа форумот вечерва, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и на директниот пренос. Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот трчаа да ѝ помогнат. Сепак се покажа дека нема потреба и дека нема никаква последица, но …

Инцидент на Преспа форумот, видео-бим падна врз модераторка Read More »

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР


   Македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси – Попоска денеска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи на средба со генералната директорка за европски прашања Славена Гергова. Како што соопшти бугарското МНР, на средбата Гергова „изразила загриженост во врска со нападот“ врз Бекир Кадриески, копретседател на Здружението на Бугарите „Шемето“ во Струга.  Гергова ја …

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР Read More »

Лајчак: Премногу често слушаме изговори што „не може“ од Балканот


Специјалниот пратеник на ЕУ за Балканот, Мирослав Лајчак, повика да престанеме со барањето изговори на Балканот и место тоа, избраните лидери да им докажат на своите граѓани дека можат да ја остварат визијата што им ја нуди Европската унија.  -Ќе ја почнам мојата презентација со три збора. Првиот збор е минато. За жал има премногу …

Лајчак: Премногу често слушаме изговори што „не може“ од Балканот Read More »

Груби до ВМРО-ДПМНЕ: Внимавајте што барате, може и да го добиете!


Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, на Преспа форумот во Струга повика на укинување на техничката влада, нарекувајќи ја „влада нонсенс“ која може само да креира пречки во иднина. Зборувајќи за условувањата на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени тој ги повика да внимаваат што бараат зошто – може да им се исполни.  -Живеевме во страв  дека …

Груби до ВМРО-ДПМНЕ: Внимавајте што барате, може и да го добиете! Read More »

Левица со иницијатива до Уставен суд за 72 часовната работна недела


  Политичката партија Левица поднесе Иницијатива за оценка на уставноста на новодонесените измени на Законот за работни односи, со којшто се воведува 72 часовно работно време, со цел спроведување на договорот на „Бехтел и Енка“. Донесените одредби се противуставни. Осум часовното работно време е меѓународен стандард, како и дневниот, неделен и годишен одмор загарантирани со …

Левица со иницијатива до Уставен суд за 72 часовната работна недела Read More »

ЕП усвои нови правила за батериите


  Европскиот парламент на пленарната седница усвои нови правила за дизајнот, производството и отпадот на сите видови батерии што се продаваат во Европска Унија – автомобилски, индустриски и преносни, како и нови категории на батерии за лесни возила. Со 587 гласови „за“, девет „против“ и 20 „воздржани“, европратениците го потврдија постигнатиот договор со Советот на …

ЕП усвои нови правила за батериите Read More »

Папата Франциск му нареди на поранешниот помошник на папата Бенедикт да го напушти Ватикан


   Папата Франциск му нареди на надбискупот Георг Гаенсвајн, приватен секретар и долгогодишен помошник на починатиот папа Бенедикт, да се врати во родната Германија до крајот на месецот без нова задача, соопшти денеска Ватикан. Ватикан со тоа стави крај на шпекулациите за тоа каква улога ќе има Гаенсвајн во црквата, кој беше моќна фигура во …

Папата Франциск му нареди на поранешниот помошник на папата Бенедикт да го напушти Ватикан Read More »

Ковачевски му нуди на Мицкоски премиерска функција во техничката влада


  Нова лидерска средба нема да има – порача денес премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите, тврдејќи дека позициите со кои тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  излегле од последната средба биле јасни и прашањето сега е дали Христијан Мицкоски сака или не да остане во процесот. Тој најави дека наредните денови иницијативата за уставни …

Ковачевски му нуди на Мицкоски премиерска функција во техничката влада Read More »

Две големи земји ќе ни го гарантираат идентитетот


  Покрај Германија уште една голема земја, која не е членка на Европската унија, наскоро на ниво на влада ќе излезе со декларација или сличен документ со која ќе ни го гарантира македонскиот идентитет, јазик и култура – како охрабрување за уставните измени кои се во тек, а за кои сѐ уште има колебања.  Ова …

Две големи земји ќе ни го гарантираат идентитетот Read More »

СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени


  Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени. Работната група ќе ја предводи генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски  -ЦО му дава апсолутна поддршка на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски …

СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени Read More »

Русија во јули ќе почне да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија


  Русија ќе почне со распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија откако постројките ќе бидат готови на 7 и 8 јули, соопшти рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба во Сочи со својот белоруски колега Александар Лукашенко. „Значи, се е според планот, се е стабилно“, навел Путин, според транскриптот од разговорот објавен од Кремљ. „За …

Русија во јули ќе почне да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија Read More »

Коалициските партнери на СДСМ даваaт зелено светло за ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата


  Предлогот на премиерот Димитар Ковачевски до Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени и веднаш потоа да влезе во владата е прифатливо за коалициските и владини партнери на СДСМ. Либерално-демократската партија (ЛДП) е подготвена да го прифати влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во владејачката коалиција доколку опозицијата ги поддржи уставните измени. Според претседателката на ЛДП, …

Коалициските партнери на СДСМ даваaт зелено светло за ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата Read More »