Македонската фирма Сајтрокс АД на американската „црна листа“ поради развивање шпионски софтвер
Владата на САД додаде четири странски комерцијални шпионски ентитети на листата за трговски рестрикции заради ангажирање во активности спротивни на националната безбедност или надворешнополитичките интереси на САД, меѓу кои фирмата Сајтрокс АД од Северна Македонија. Другите фирми се Интелекса С.А. од Грција, Интелекса Лимитед од Ирска и Сајтрокс Холдингс Црт од Унгарија, соопшти Стејт департментот. …