Утре прво прскање против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, недела, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните …

Утре прво прскање против комарци Read More »

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки


Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија. Ова го наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во новото издание на …

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки Read More »

Иран ќе ѝ достави на Русија ракетни лансери за краток дострел


Иран се подготвува во блиска иднина да ѝ достави на Русија лансери за ракети со краток дострел, слични на оние што според САД Техеран минатата година ѝ ги испратил на Русија за употреба во војната против Украина, јави Ројтерс, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Како што пренесува БТА, испораката на балистичкиот ракетен систем со …

Иран ќе ѝ достави на Русија ракетни лансери за краток дострел Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлог законот за помош на настраданите од Кочани


ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлог законот за помош на настраданите од Кочани што го поднесе СДСМ без да најави дали Владата ќе понуди контрапредлог откско семејствата се пожалија дека „се заборавени“ и не можат да се справат со последиците. Место за темата, ВМРО-ДПМНЕ се фокусираше на тоа што правеле досега СДСМ во манирот дека тие се …

ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлог законот за помош на настраданите од Кочани Read More »

Едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“ во чест на Денот на Европа


По повод Денот на Европа – 9 Мај, денеска во Градски парк, кај Школка ќе се одржи едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“. Организатор е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се работи за едукативно-забавен перформанс посветен на децата, со пораки за пријателство, заедништво и европски вредности. Централната програма, како што е најавено, …

Едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“ во чест на Денот на Европа Read More »

Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва


 Поради посетата на претседателот Александар Вучиќ на Москва во изминатите неколку дена, „нема да има прекин на процесите за интеграција на Србија во Европската унија, ниту санкции од Брисел. Тоа денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ , јави допписникот на МИА од Белград. Тој додаде дека српската дипломатија покажала „доследност“ во …

Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва Read More »

Рубио повика на деескалација меѓу Индија и Пакистан


Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со началникот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, и ги повика Пакистан и Индија да најдат начини за деескалација, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент. Рубио, исто така, понуди американска помош за започнување конструктивни разговори за да се избегнат идни конфликти, рече портпаролот. Пакистан соопшти дека рано утрово започнал …

Рубио повика на деескалација меѓу Индија и Пакистан Read More »

Родителите на загинатите во Кочани ја одбија поканата за средба од премиерот


Семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале …

Родителите на загинатите во Кочани ја одбија поканата за средба од премиерот Read More »

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва


Известителот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас објави на Х дека покренува иницијатива за собирање потписи од други европратеници за петиција со која се повикува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да ја откаже планираната посета на Белград.  Според него, присуството на српскиот претседател Александар Вучиќ на воената парада во Москва значи поддршка за …

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва Read More »

Радев повика на референдум за еврото, доби поддршка само од две проруски партии


Претседателот Румен Радев ќе поднесе до регистарот на Народното собрание барање за национален референдум со прашањето: „Дали се согласувате Бугарија да ја усвои единствената европска валута, еврото, во 2026 година?“ Шефот на државата ја објави оваа иницијатива во вонредно обраќање до народот и Националното собрание вечерва: „За помалку од еден месец ќе биде објавен вонредниот …

Радев повика на референдум за еврото, доби поддршка само од две проруски партии Read More »

Туск ги нарече „срам“ лидерите што му аплаудираа на Путин на парадата


ПАРИЗ — Францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Доналд Туск ги нападнаа лидерите и другите кои присуствуваа на парадата за Денот на победата во Москва во петокот. Туск рече дека присуството на светските лидери и други функционери и нивниот аплауз за рускиот претседател Владимир Путин по неговиот говор за таканаречената нацистичка чистка во Украина …

Туск ги нарече „срам“ лидерите што му аплаудираа на Путин на парадата Read More »

Трамповиот мајстор за избори работи на соборување на Еди Рама


Републиканскиот стратег кој го водеше политичкото воскресение на Доналд Трамп во 2024 година ѝ помага на главната опозициска партија во Албанија да се врати од „мртвите“.Советникот за кампањата на Трамп и републикански изборен гуру, Крис ЛаЧивита, сега ја поддржува конзервативната Демократска партија на Албанија, чиј лидер Сали Бериша се надева на сопствено политичко враќање по …

Трамповиот мајстор за избори работи на соборување на Еди Рама Read More »

Штипското обвинителство побара притвор за петте турски државјани што учествуваа во убиство


Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица …

Штипското обвинителство побара притвор за петте турски државјани што учествуваа во убиство Read More »

Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев да и дадат поддршка на Украина


Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и премиерите на Велика Британија и Полска – Кир Стармер и Доналд Туск, пристигнаа во посета на Киев за да ја покажат нивната “непоколеблива” поддршка за Украина и да го потврдат апелот на САД за „целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот”. Покажувајќи ја својата моќ, рускиот …

Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев да и дадат поддршка на Украина Read More »

Вучиќ одбра страна со посетата на Москва


На Денот на Европа и Денот на победата, претседателот на Србија избра страна. Во длабоко поделена Европа по руската агресија врз Украина, Александар Вучиќ отпатува на воената парада кај Владимир Путин во Москва. „Сакам да ви кажам, почитуван претседателе, дека не дојдов да барам нешто, туку да ви кажам едно големо благодарам. Да ве известам …

Вучиќ одбра страна со посетата на Москва Read More »

Филипче потврди дека има „златна виза“ за Дубаи, ВМРО-ДПМНЕ прашува како ја добил?


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашниот подкаст „Политиканти“ изјави дека поседува т.н. „златна виза“ во Обединетите Арапски Емирати, но дека не ја добил поради тоа што има недвижнини или што инвестирал во Дубаи. Тој рече дека визата ја добил откако бил во напреднати преговори за работа со болница во арапската земја, кои сега биле …

Филипче потврди дека има „златна виза“ за Дубаи, ВМРО-ДПМНЕ прашува како ја добил? Read More »

Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје


Активисти за студентски права од Западен Балкан ќе учествуваат на второто издание на Студентскиот форум, што ќе биде одржан денеска во просториите на cowork21. Настанот го организира Форумот за образовни промени. Во фокусот на форумот ќе бидат предизвиците со кои се соочуваат студентите од целиот регион. Меѓу другото, се очекува претседателот на Националното студентско тело …

Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје Read More »

Променливо облачно, попладне можен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно …

Променливо облачно, попладне можен дожд Read More »

Продолжува националната еко акција „Генералка викенд“


Продолжува еко акцијата „Генералка викенд“, која има за цел подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина.  Во рамки на тридневната акција, која почна вчера, над 20.000 волонтери ќе чистат на повеќе од 500 локации во сите општини, вклучувајќи над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, јавни институции, …

Продолжува националната еко акција „Генералка викенд“ Read More »

Откриена унгарска шпионска мрежа во Украина, анализирале терен за воен упад


За прв пат во историјата, украинската СБУ откри унгарска шпионска мрежа која дејствувала во Закарпатија. Агенти од унгарската воена разузнавачка служба беа фатени како собираат информации за локалната одбрана и јавното расположение — во случај на воено распоредување на унгарска војска. Двајца осомничени, поранешни војници, се соочуваат со доживотна казна за предавство. Испаѓа дека унгарската …

Откриена унгарска шпионска мрежа во Украина, анализирале терен за воен упад Read More »