„Хајнекен“ го продаде бизнисот во Русија за едно евро


Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) излезе од Русија така што ги продаде своите операции таму на руската групација „Арнест“ за симболично едно евро. Вториот по големина светски производител на пиво објави дека ги добил сите потребни дозволи за договорот и дека најверојатно ќе претрпи екстремно високи загуби од 300 милиони евра. Компанијата својата намера …

„Хајнекен“ го продаде бизнисот во Русија за едно евро Read More »

Избледената демократија во Европа


  Тивките денови од август се добро време за размислување за годината што е пред нас. Гледајќи во мојот календар за 2024 година, изборите за Европскиот парламент се чинат најголеми. За жал, тие не успеваат да ме инспирираат како што тоа го правеа пред пет години. Во 2019 година, се кандидирав за Европскиот парламент во …

Избледената демократија во Европа Read More »

Почнува Мундобаскет 2023


Со натпреварите меѓу Италија и Ангола, како и Финска и Австралија денес од 10 часот почнува Светското првенство во кошарка 2023 година. Домаќини на годинешниот Мундобаскет се Индонезија, Јапонија и Филипините. Триесет и две репрезентации учесници на шампионатот се поделени во осум групи. Двете најдобри од секоја група продолжуваат директно во следната рунда. Највисок рејтинг …

Почнува Мундобаскет 2023 Read More »

Шест пливачки и девет пливачи пријавени за утрешниот 36. Охридски пливачки маратон


Шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција утре ќе го пливаат 36-тиот Охридски пливачки маратон од Свети Наум до Охрид, што се одржува во организација на Општина Охрид и Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на синоќешното претставување на маратонците посочи дека Охридскиот пливачки маратон е вистинска гордост за …

Шест пливачки и девет пливачи пријавени за утрешниот 36. Охридски пливачки маратон Read More »

Румен Радев одби да го потпише указот за разрешување на главниот секретар на бугарското МВР, Петар Тодоров


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска одби да донесе указ за разрешување на главниот секретар во МВР, Петар Тодоров. Во соопштението од бугарското претседателство се наведува дека разрешувањето на главниот секретар на МВР во овој момент ќе служи само за лични интереси, а не за јавноста. „Мотивите за предлогот за смена на Петар Тодоров од функцијата …

Румен Радев одби да го потпише указот за разрешување на главниот секретар на бугарското МВР, Петар Тодоров Read More »

Дожд и град предизвикаа штети во Ресен и околината


Силен дожд и град доцна попладнето го зафати градот Ресен и околните населени места во Преспа. Од Општина Ресен за МИА потврдуваат дека невремето, обилниот дожд, градот и грмотевиците предизвикаа штети кои ќе се евидентираат во текот на утрешниот ден. Силните грмотевици предизвикаа неколку часовен прекин во снабдувањето со електричната енергија во Отешево и неколку …

Дожд и град предизвикаа штети во Ресен и околината Read More »

Се предаде Марк Медоус, поранешен шеф на кабинетот на Трамп


Округот Фултон во Џорџија објави полициска фотографија од Марк Медоус, поранешен шеф на кабинетот на поренашниот претседател Доналд Трамп.  Медоус дојде денеска во затвор во Атланта да се предаде на властите, како дел од судскиот процес за неговата улога на поништување на резултатите од изборите во 2020 година во Џорџија. Тој се согласил да се …

Се предаде Марк Медоус, поранешен шеф на кабинетот на Трамп Read More »

Кина подготвува итна помош во храна за африканските земји


Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина ќе обезбеди итна помош во храна за поедини африкански земји, пренесува Блумберг. Тој за време на состаноците со претставниците на африканските земји на самитот на БРИКС во Јужна Африка рече дека Кина исто така ќе им помогне на земјите на континентот да го прошират сопственото одгледување житарици. …

Кина подготвува итна помош во храна за африканските земји Read More »

САД воведоа санкции за 13 физички и правни лица меѓу кои има осомничени поврзани со присилна депортација на деца од Украина


САД соопштија дека воведуваат санкции за уште 13 физички и правни лица, меѓу кои се и тие кои се осомничени дека помагале во присилната депортација на украински деца. Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд рече дека САД, исто така, ќе преземат чекори за воведување визна забрана за три лица, претставници на властите поставени …

САД воведоа санкции за 13 физички и правни лица меѓу кои има осомничени поврзани со присилна депортација на деца од Украина Read More »

Во Осло двајца професори прободени со нож, уапсен студент


Двајца професори се прободени со нож денеска во зградата на Универзитетот во Осло, соопшти норвешката полиција, која уапсила студент осомничен за нападот. Околностите и причините за нападот се уште се нејасни. „По дојавата за можен напад со ладно оружје, полицијата „ја презеде контролата над насилникот и двете жртви. Веројатно се работи за професорите и нивните …

Во Осло двајца професори прободени со нож, уапсен студент Read More »

За пречекот на Курти без државното знаме во Тетово ќе има прекршочен судски процес прoтив Општина Тетово


Тетовскиот градоначалник Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук објави покана од Основен суд Тетово, од каде бараат претставник на општината да дојде на судско рочиште на 15 септември поради сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Курти, односно неспроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната. На Фејсбук-профилот, Касами само на албански јазик …

За пречекот на Курти без државното знаме во Тетово ќе има прекршочен судски процес прoтив Општина Тетово Read More »

Штрајкуваат лекарите во Велика Британија, бараат поголеми плати


 Државните болници ширум Англија денеска ќе престанат со работа поради уште еден 48-часовен штрајк на постарите по стаж и позиции болнички лекари поради спорот околу платите со Владата. Илјадници болнички лекари велат дека ќе пружат само итна помош. Денешната акција е најновата во серијата штрајкови на лекарите, медицинските сестри и другиот клинички персонал во последните …

Штрајкуваат лекарите во Велика Британија, бараат поголеми плати Read More »

Трамп го смени својот главен адвокат кој го застапува во Џорџија


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го смени својот главен адвокат кој го застапува во државата Џорџија во пресрет на вечерашното предавање на надлежните органи, тврди упатен извор за Си-Ен-Ен. Дру Финдлинг, адвокатот кој ја водеше одбраната на Трамп во Џорџија, беше заменет со Стивен Сад, адвокат од Атланта опишан на веб-страницата како „специјален советник за …

Трамп го смени својот главен адвокат кој го застапува во Џорџија Read More »

Меџити: Отворени нови специјализации, годинава прв пат и на Медицинскиот факултет во Тетово


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска одржа средба со деканите на медицинските факултети во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, во Штип, проф. д-р Милка Здравковска  и претставник од деканатот на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Невзат Елези. На состанокот, како што информира Министерството за здравство, се разговараше за објавените нови огласи за специјализации на …

Меџити: Отворени нови специјализации, годинава прв пат и на Медицинскиот факултет во Тетово Read More »

Државата да го сноси трошокот барем за замена на валидните лични карти, бара омбудсманот Зибери


Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зибери во изјава за …

Државата да го сноси трошокот барем за замена на валидните лични карти, бара омбудсманот Зибери Read More »

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште


Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА кој беше на лице место денеска го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето …

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште Read More »

Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ова лето сигурно нема да потпише договор со Реал Мадрид. Французинот сака да потпише нов договор со Парижаните. – Не, јас го исклучувам тоа 100 проценти. Мислам дека нашиот тим е формиран, а играчите размислуваат за тековната сезона, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти за „Ројтерс“. Италијанецот додаде дека Реал …

Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок Read More »

Килограм домати на големо се откупува од 25 до 40 денари, а на пазарите се продава до 139 денари


Високите производни и ниските откупни цени се главниот проблем со кој се соочуваат земјоделците според анализата на состојбите со земјоделските производи направена од Националната федерација на фармери (НФФ). Како што истакнаа, посебно го анализирале производството и продажбата на пченица. Според анализата на НФФ, производната цена на пченицата изнесува 17 денари по килограм, со што продажната …

Килограм домати на големо се откупува од 25 до 40 денари, а на пазарите се продава до 139 денари Read More »

Странски туристи годинава за 46,8 отсто повеќе од лани


Бројките за првите шест месеци од годинава се оптимистички и значат опоравување на туристичката индустрија во државава. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава, во однос на претходната, бројот на туристи е зголемен за 30,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 …

Странски туристи годинава за 46,8 отсто повеќе од лани Read More »