Во Осло двајца професори прободени со нож, уапсен студент


Двајца професори се прободени со нож денеска во зградата на Универзитетот во Осло, соопшти норвешката полиција, која уапсила студент осомничен за нападот.

Околностите и причините за нападот се уште се нејасни.

„По дојавата за можен напад со ладно оружје, полицијата „ја презеде контролата над насилникот и двете жртви. Веројатно се работи за професорите и нивните студенти“, изјави шефот на операцијата Кристијан Бјоерберг на прес-конференција.

На местото на настанот се запленети два ножа.

Раководителот на Итната медицинска помош изјави дека едниот повреден е во „критична состојба“ и дека е примен во болница. Другиот е полесно повреден.

Инцидентот, кој е многу редок во Норвешка, се случил во зградата на Институтот за труд, кој е во рамки на Универзитетот во Осло.