Од април платите не растат само номинално, туку реално, вели Бесими


Од април има реален раст на платите. Ефектите од кризите не ги чувствуваат само нашите граѓани, туку се чувствуваат и во Европа и светот. Предизвиците и понатаму остануваат бидејќи има геополитички движења кои влијаат и врз пазарите, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Одговарајќи на новинарски прашања, Бесими рече дека од април платите не …

Од април платите не растат само номинално, туку реално, вели Бесими Read More »

За Тренчевска главна грижа е пензискиот фонд да биде стабилен, пензиите да се исплаќаат навремено и редовно


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на утринската емисија на телевизија Алфа зборуваше за покачувањето на пензиите согласно новата методологија за раст на пензиите и за финансиската поддршка од изминатиот период за најранливата категорија на пензионери. -Во моментот 13. 200 денари е најниската пензија. До септември оваа година имаме покачување од 24 …

За Тренчевска главна грижа е пензискиот фонд да биде стабилен, пензиите да се исплаќаат навремено и редовно Read More »

Опасен ураган му се заканува на популарно туристичко одморалиште


Ураганот Отис се движи кон популарното одморалиште Акапулко и се подготвува да стигне на брегот на Мексико во Тихиот Океан како „исклучително опасна“ бура од петта категорија. Отис се очекуваше утрово да дојде до брегот, носејќи силен ветер и обилен дожд. Вчера доцна попладнето веќе беше ураган од четврта категорија, со максимални постојани ветрови од …

Опасен ураган му се заканува на популарно туристичко одморалиште Read More »

Хамас: Повеќе нема да ослободуваме заложници


 Официјален претставник на Хамас рече дека исламистичката група повеќе нема да ослободува заложници доколку не се дозволи проток на медицински материјали и гориво во Појасот Газа. Во петокот Хамас со посредство на Катар ослободи двајца заложници кои се американски државјани. Исламистичката група држи над 220 заложници, вклучувајќи бебиња и мали деца. „Од хуманитарни причини, безусловно …

Хамас: Повеќе нема да ослободуваме заложници Read More »

Финска полиција: Гасоводот во Балтичкото Море најверојатно го оштетил кинески брод додека влечел сидро


Оштетувањето на гасоводот во Балтичкото Море на почетокот на овој месец се верува дека е предизвикано од брод кој влечел големо сидро по морското дно, но рано е да се каже дали се работи за несреќа или намерен чин, соопшти финската полиција. Инспекторите рекоа дека сега го извлекле изгубеното сидро од локацијата на морското дно …

Финска полиција: Гасоводот во Балтичкото Море најверојатно го оштетил кинески брод додека влечел сидро Read More »

Инвазијата на Израел во Газа е одложена поради внатрешни поделби и меѓународниот притисок


Израел се уште не почна копнена инвазија врз Газа, и покрај тоа што ја најави, а доцнењето медиумите и експертите го припишуваат на меѓународниот притисок, политичко-воените поделби и загриженоста за заложниците.  Осумнаесет дена по најсмртоносниот напад што некогаш бил извршен врз Израел од страна на палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Газа, израелската војска …

Инвазијата на Израел во Газа е одложена поради внатрешни поделби и меѓународниот притисок Read More »

Косовскиот министер Свечља вели дека нови групи за напади се обучувале во Србија


Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља вели дека косовските служби поседуваат разузнавачки информации за тоа дека во Србија се обучуваат други групи за можни нови напади врз Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју на КТВ, еден месец по нападот во Бањска, на северот на Косово, Свечља рече дека …

Косовскиот министер Свечља вели дека нови групи за напади се обучувале во Србија Read More »

Јокиќ подобар од Леброн Џејмс: Почна новата сезона во НБА-лигата


 Со два одиграни натпревара ноќта вторник кон среда отворена е сезоната 2023/24 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Почетокот на првенство го одбележа Никола Јокиќ со трипл-дабл во победата на Нагетс над Лос Анџелес лејкерс. Србинот мечот го заврши со 29 поени, 13 скока и 11 асистенции. Во поразениот тим се истакна Леброн …

Јокиќ подобар од Леброн Џејмс: Почна новата сезона во НБА-лигата Read More »

Мајк Џонсон е најновиот кандидат за претседател на Претставничкиот дом на Конгресот


Републиканците го избраа конгресменот Мајк Џонсон за свој најнов кандидат за претседател на Претставничкиот дом на САД, неколку часа откако претходниот кандидат Том Емер ненадејно се повлече. Конгресменот Емер се повлече наспроти противењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и некои конгресмени од редовите на Републиканската партија. Џонсон од Луизијана, кој е ниско рангиран член …

Мајк Џонсон е најновиот кандидат за претседател на Претставничкиот дом на Конгресот Read More »

Израел ги отфрли повиците за прекин на огнот


Израел повторно вети дека ќе го уништи Хамас и ги отфрли повиците за прекин на огнот од шефот на ОН, Палестинците и многу други земји на состанокот на високо ниво на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека војната во Газа не е само нејзина војна, туку „војна за слободниот свет“. Израелскиот министер за надворешни …

Израел ги отфрли повиците за прекин на огнот Read More »

Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со Македонија


Фирмата „Милениум тим“ започна со истражни работи на проектот – чистење од експлозивни остатоци од војната на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Официјалниот проект го подготви Центарот за деминирање на Република Србија, чии претставници ќе ги контролираат сите работи …

Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со Македонија Read More »

Бајден за копнената офанзива во Газа: Израелците сами одлучуваат


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „Израелците сами одлучуваат“ дали и кога ќе ја почнат копнената офанзива на Газа. Тој оваа куса изјава ја даде за време на посетата на австралискиот премиер Ентони Албанесе на Вашингтон, кога беше прашан дали побарал од Израел да ја одложи копнената инвазија. Израел со денови најавуваше дека неговите сили …

Бајден за копнената офанзива во Газа: Израелците сами одлучуваат Read More »

„Реплек“ на престижниот Саем за фармација во Барселона


  Годинава „Реплек АД“ повторно учествува на престижниот Саем за фармација (CPHI) во Барселона, каде има можност да ги унапреди своите позиции на странските пазари и да ја продлабочи соработката со останатите фармацевтски компании од светот. „Нашето учество на Саемот е значајна можност да ги унапредиме веќе постоечките партнерства, како и да ги зацврстиме пазарните …

„Реплек“ на престижниот Саем за фармација во Барселона Read More »

Концерт на Дино Имери во Кралскиот колеџ за музика во Лондон


По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music). На концертот тој ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, ќе изведат дела од македонски автори, како …

Концерт на Дино Имери во Кралскиот колеџ за музика во Лондон Read More »

Адвокатската комора организира отворен ден за граѓаните по повод Европскиот ден на правдата


Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) денеска од 10 до 13 часот организира отворен ден за граѓаните, по повод Европскиот ден на правдата, 25 Октомври. На овие средби, како што соопштуваат оттаму, што ќе се одржат во просториите на Комората лоцирани на ул. „Руди Чајевац“, бр.1, лок. 15 во Скопје, граѓаните преку разговор со …

Адвокатската комора организира отворен ден за граѓаните по повод Европскиот ден на правдата Read More »

Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ во Филхармонија


Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ ќе се одржи вечер во Филхармонија, со почеток во 20 часот. Во Камерната сала ќе свират пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски. На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д. Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков. Марија Вршкова, од …

Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ во Филхармонија Read More »

Саем на добавувачи во Скопје за поврзување на домашни фирми со компании купувачи во организација на АХК


Бизнис настан SUBEX – Suppliers Balkan Expo денеска и утре ќе се одржи во Скопје во Скопје во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК), дел од мрежата на германските стопански комори во странство. Цел на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилна, дрвна и …

Саем на добавувачи во Скопје за поврзување на домашни фирми со компании купувачи во организација на АХК Read More »

Промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски


Со промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски, книгоиздавателството „Матица македонска“ денеска ќе ја одбележи 30-годишнината од физичкото заминување на Блаже Конески. Промоцијата ќе почне во 18 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите – „Св. Климент Охридски“. Промотори ќе бидат универзитетските професори Венко Андоновски и Димитар Пандев, …

Промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски Read More »

Полски бискуп поднесе оставка поради оргија во дом на свештеник


Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал поради оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, соопшти Ватикан. Во соопштението не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил. Епархијата на Кажак во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските медиуми беа објавени извештаи за …

Полски бискуп поднесе оставка поради оргија во дом на свештеник Read More »

Ковачевски на отворање на нов објект за форензички испитувања на МВР


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на отворање на нов објект за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи, со почеток во 10:30 часот. Покрај Ковачевски, на настанот обраќања ќе имаат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир. Новата зграда на …

Ковачевски на отворање на нов објект за форензички испитувања на МВР Read More »