Без вода скопските населби Маџари и Хиподром


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисниците од населбите Маџари и Хиподром во Општина Гази Баба. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач ф-100 мм на ул. „Жан Жорес“ бр.129. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и …

Облачно со повремени врнежи од дожд Read More »

Европската комисија ќе ги објави извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ


Европската комисија денеска треба да гo усвои пакетот за проширување со извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година, јави дописникот на МИА од Брисел. По нивното усвојување на седницата на Колеџот на комесари, извештаите за напредокот за секоја од земјите кандидати ќе бидат јавно презентирани од страна на ЕК. Пакетот …

Европската комисија ќе ги објави извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ Read More »

Волстрит забележа најдолга серија на добивки во последните две години


Волстрит зајакна во вторникот, бидејќи континуираниот пад на приносите на државниот трезор помогна да се поттикне растот на акциите. Индексот S&P 500 се искачи седми ден по ред, што е негова најдолга низа на добивки од ноември 2021 година, кога референтниот индекс се зголеми за осум последователни сесии. Nasdaq Composite, исто така, ја забележа својата …

Волстрит забележа најдолга серија на добивки во последните две години Read More »

Ковачевски во Пивара: „Гарантираните цени“ ги ублажија инфлаторните шокови


Пивара Скопје, македонска компанија со стогодишна традиција на пазарот, која припаѓа на две големи интернационални семејства, Coca-Cola и Heineken меѓу првите се пријави и ја поддржа мерката на Владата за обезбедување на „гарантирани цени“ со тоа што самостојно ги намалија цените на своите производи на пазарите во државата. Со тоа, оваа компанија, како и многу …

Ковачевски во Пивара: „Гарантираните цени“ ги ублажија инфлаторните шокови Read More »

Граѓанска обврзница запишале 907 граѓани, побарувачката за 80 отсто поголема од понудениот износ


Втората емисија на Граѓанска обврзница успешно беше реализирана, оцени денеска Министерството за финансии. Во соопштението до медиумите се вели дека на денешната аукција биле запишани граѓански обврзници во износ од 1.085.480.000 денари (17,7 милиони евра) што е за 1,8 пати повисок од износот објавен во Проспектот за втората емисија Граѓанска обврзница. „Ова покажува дека Граѓанската …

Граѓанска обврзница запишале 907 граѓани, побарувачката за 80 отсто поголема од понудениот износ Read More »

Снабдувачи кои користат само руски гас веќе стануваат неконкурентни, вели Бектеши


Зависноста од рускиот гас веќе влијае врз конкурентноста на домашни фирми, укажа денес министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на прашања на новинарите при посета на Пивара Скопје, Бектеши рече дека во државата има два снабдувача кои користат само руски гас од кои  едниот е фирма сестра на ТЕ-ТО, а другиот е македонска фирма и …

Снабдувачи кои користат само руски гас веќе стануваат неконкурентни, вели Бектеши Read More »

Подготвена нацрт верзија на Закон за Националната развојна стратегија


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната средба со директорката на Регионалната канцеларија на УНДП во Истанбул Стелиана Недера и постојаниот претставник на оваа организација во нашата земја Армен Григоријан разговараа за заедничките активности кои Владата ги спроведува во соработката со УНДП, на различни проекти. На средбата стана збор за Националната развојна стратегија, за …

Подготвена нацрт верзија на Закон за Националната развојна стратегија Read More »

Зголемување на квотата за 2.000 странски работници ќе го ублажи недостигот на работна сила


Зголемена е квотата за увоз на странски работници, од 5.000 на 7.000. Вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи оваа вест ја кажа на состанокот со Делегацијата на германското стопанство во земјава, а македонските работодавчи и бизнис секторот сметаат дека  зголемувањето за дополнителни 2.000 странски работници само ќе го ублажи проблемот со недостаток на работна сила …

Зголемување на квотата за 2.000 странски работници ќе го ублажи недостигот на работна сила Read More »

Девизните резерви на крајот на октомври 3,92 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на октомври годинава изнесувале 3.920,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 18,9 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (58,2%), по што следуваат валутите и депозитите (31%) и монетарното злато (10,6%).

За девет месеци извезени производи за 6,24 милијарди евра, увезени за 8,24милијарди


Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 6,24 милијарди евра и бележи пораст од 1,4 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, изнесува 8,24милијарди евра, што е за 8,4 отсто помалку во споредба со истиот период …

За девет месеци извезени производи за 6,24 милијарди евра, увезени за 8,24милијарди Read More »

„Преполовување“: Инфлацијата во октомври се сведе на 3,5 отсто во однос на лани


  Инфлацијата во земјава, мерена преку порастот на трошоците на живот во октомври 2023 година, во однос на истиот месец лани, изнесуваше 3,5 отст, соопшти Државниот завод за статистика. Во споредба, пак, со септември годинава, трошоците на животот бележат намалување од 1,5 отсто. Кај цените на мало, во октомври беше забележан пораст од 3,4  отсто …

„Преполовување“: Инфлацијата во октомври се сведе на 3,5 отсто во однос на лани Read More »

Анализите ќе покажат дали да се продолжи со истиот изведувач за автопатот Кичево – Охрид, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека анализите што се прават за автопатот Кичево- Охрид треба да одговорат дали изведувачот и неговите подизведувачи по 10 години се во состојба да изведат вакво решение и дали проектантските куќи го направиле проектирањето како што треба. Според Ковачевски, ангажираниот експерт за Фидик договори ќе треба да каже кои се ефектите …

Анализите ќе покажат дали да се продолжи со истиот изведувач за автопатот Кичево – Охрид, вели Ковачевски Read More »

Ковачевски: Ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно


  Ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно. По влегувањето во НАТО за нашата држава релевантни се мапата на земји членки на НАТО и на обединета Европа со отпочнувањето на преговорите со ЕУ, изјави  премиерот Димитар Ковачевски во врска со отворањето викендов на Музеј на ОВК во Сопот, кумановско, во …

Ковачевски: Ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно Read More »

Меѓународна атлетска ноќна трка во Скопје по повод „13 Ноември“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје „13 Ноември“, македонската атлетска Федерација (АФМ) претстојната недела ќе организира Меѓународна ноќна трка „Низ улиците на Скопје 2023“. „Во чест на 13-ти Ноември, денот кој е симбол на ослободувањето на Скопје во 1945 година, АФМ во соработка со град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади …

Меѓународна атлетска ноќна трка во Скопје по повод „13 Ноември“ Read More »

Македонија на 55. место од 167 земји на Индексот на просперитет на Легатум


Македонија е рангирана на 55. место од 167 земји на Индексот на просперитет на Легатум, годишно рангирање развиено од Институтот Легатум, независна образовна добротворна организација основана и делумно финансирана од приватната инвестициска фирма Легатум. Рангирањето се заснова на различни фактори, вклучувајќи богатство, економски раст, образование, здравје, лична благосостојба и квалитет на живот. Македонија има најсилни …

Македонија на 55. место од 167 земји на Индексот на просперитет на Легатум Read More »

Финансиската полиција со нов софтвер ќе се бори со организираниот криминал


 Управата за финансиска полиција со поддршка од Обединетото Кралство ќе добие нов современ систем кој ќе ги дигитализира процесите, а тоа ќе овозможи побрз проток на информации во рамки на институцијата и размената со други институции, носење поквалитетни одлуки и сето тоа до поефикасно дејствување во справување со организираниот криминал. Како што соопштија од Министерството …

Финансиската полиција со нов софтвер ќе се бори со организираниот криминал Read More »

ЛШ: Инциденти во Милано, навивач на ПСЖ се бори за живот


 Во Милано пред вечерашниот натпревар во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) меѓу Милан и париски ПСЖ дојде до неколку физички пресметки меѓу навивачите, а во една од нив тешко е повреден симпатизер на францускиот тим, кој, како што пренесуваат локалните медиуми, се бори за живот. Според медиумите, 34-годишен навивач на ПСЖ бил избоден со нож …

ЛШ: Инциденти во Милано, навивач на ПСЖ се бори за живот Read More »

Законот за нефер трговски практики на финална ревизија, идната недела оди на Влада


Предложениот закон за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието. Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети. Оваа недела, во координација со премиерот Димитар Ковачевски …

Законот за нефер трговски практики на финална ревизија, идната недела оди на Влада Read More »

Комбе-автобус се преврте на патот Струмица-Валандово, повредени повеќе лица


Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека несреќата се случила денеска околу 06:20 часот. – Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека …

Комбе-автобус се преврте на патот Струмица-Валандово, повредени повеќе лица Read More »