УНИЦЕФ го осуди сексуалното насилство врз жените и децата на 7 октомври, без да го спомене Хамас


Организацијата за децата на ОН – УНИЦЕФ го осуди сексуалното насилство врз жените и децата на 7 октомври, но не ги споменува сторителите, терористичката група Хамас. – Извештаите за сексуално насилство на 7 октомври во Израел се ужасни, напиша извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел на X. – Преживеаните мора да бидат сослушани, поддржани и …

УНИЦЕФ го осуди сексуалното насилство врз жените и децата на 7 октомври, без да го спомене Хамас Read More »

Барањето за екстрадиција на Палевски од Турција најверојатно ќе биде испратено денеска


Се очекува во текот на денот да биде подготвено барањето за екстрадиција од Министерството за правда за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција. За МИА од Министерството за правда информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување …

Барањето за екстрадиција на Палевски од Турција најверојатно ќе биде испратено денеска Read More »

ИДФ во последните 24 часа погодиле 250 „терористички цели“ во Газа


 Израелската армија бомбардираше околу 250 „терористички цели“ во Појасот Газа во текот на изминатиот ден, соопштија изутринава Израелските одбранбени сили (ИДФ). „Трупите на ИДФ продолжуваат да лоцираат оружје, подземни шахти, експлозиви и дополнителна воена инфраструктура. Копнените трупи на ИДФ упатија борбен авион да нападне два ракетни фрлачи од кои терористите вчера (вторник) истрелаа низа ракети …

ИДФ во последните 24 часа погодиле 250 „терористички цели“ во Газа Read More »

ОН: Речиси е невозможна дистрибуцијата на помош во Газа


 Продолжувањето на борбите во Газа ја засили кризата со гладот во оваа палестинска енклава, соопшти хуманитарната агенција на Обединетите нации. Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека за време на седумдневната пауза во борбите во Газа нивната помош стигнала до околу 250.000 лица, јави Би-Би-Си. Во соопштението се нагласува дека дистрибуцијата на помошта …

ОН: Речиси е невозможна дистрибуцијата на помош во Газа Read More »

Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“


„Филозофијата и глобалните проблеми“ е тема на осмиот Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“, што деенска и утре го организираат Центарот за стратегиски истражувања при Македонската наука на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет – Свети Николе, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија, соопшти Филозофското друштво …

Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“ Read More »

Азески избран за претседател на Асоцијацијата на балкански комори


Асоцијацијата на балкански комори е здружение на 10-те стопански комори од Балканскиот регион (членки и не-членки на европската Унија), кое следната година ја одбележува 30-та годишница од своето постоење. На следната Седница на Асоцијацијата на балкански комори, која ќе се одржи следната недела, на 13 декември 2023 година во Солун, Грција, ќе биде потврден изборот …

Азески избран за претседател на Асоцијацијата на балкански комори Read More »

Израел им сврте грб на заложниците за да ја уништи Газа, пишува израелскиот весник „Хаарец“


Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека обновувањето на војната од страна на Израел е најголемата грешка што ја направил од 7 октомври. Војната стана потешка, и по времетраење и по количеството на крвопролевање, како што рече Моше Дајан за една друга војна. Неговите цели се намалуваат, а неговите злосторства се натрупуваат. Првите два дена од обновената …

Израел им сврте грб на заложниците за да ја уништи Газа, пишува израелскиот весник „Хаарец“ Read More »

Стејт департмент: Русија ја одби понудата за ослободување на Вилан и Гершкович


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и дала на Русија нова понуда чија цел била да ги ослободи од руските затвори двајцата Американци, Пол Вилан и Еван Гершкович, но Москва ја одбила, соопшти Стејт департментот.  Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Метју Милер, не зборуваше за деталите на понудата или зошто Русија ја одбила, …

Стејт департмент: Русија ја одби понудата за ослободување на Вилан и Гершкович Read More »

Бајден „не е сигурен“ дали би се кандидирал за реизбор доколку Трамп не се кандидира


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека можеби би се откажал од својата кандидатура за реизбор доколку не се соочи со Доналд Трамп, додавајќи дека републиканецот претставува единствена закана за земјата. – Да не се кандидираше Трамп, не сум сигурен дека ќе се кандидирав, рече Бајден на собирот за собирање средства за неговата кампања во 2024 …

Бајден „не е сигурен“ дали би се кандидирал за реизбор доколку Трамп не се кандидира Read More »

Бајден го насочи вниманието на „незамисливи злосторства“ на Хамас против жени


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека членовите на Хамас силувале жени и ги осакатувале нивните тела за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври, повикувајќи се на сведоштвата на преживеаните. На вечера за собирање средства во Бостон, Бајден го фокусира вниманието на извештаите за „незамислива суровост“ што се шират во последните неколку …

Бајден го насочи вниманието на „незамисливи злосторства“ на Хамас против жени Read More »

Лазаров по историската победа на „Алкалоид“ во Европската лига: Ни недостасуваше искуство, одиме напред


Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров по победата (28:27) над Ла Риоха, прва за неговиот тим во евро-куповите, се осврна на настапите во дебитантската сезона во Европската лига.  – Среќен за првата, историска победа на нашиот клуб. Честитки на моите играчи, а и на Ла Риоха за фер-плеј натпреварот. Знам што значи Логроњо Ла Риоха за …

Лазаров по историската победа на „Алкалоид“ во Европската лига: Ни недостасуваше искуство, одиме напред Read More »

Зеленски го откажа говорот пред американскиот Конгрес


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски неочекувано го откажа за денеска закажаното обраќање пред американскиот Конгрес поради настан „во последен момент“, изјави лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер. – Зеленски не може да се појави на нашиот брифинг во 15 часот, нешто се случи во последен момент, изјави Шумер на новинарите. Украинскиот претседател требаше преку видео …

Зеленски го откажа говорот пред американскиот Конгрес Read More »

Нетанјаху: Во моментов нема можност преостанатите заложници да се вратат дома


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „во моментов не постои можност“ заложниците кои се уште ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа „да се вратат дома“. Тој се сретна со семејствата на заложниците кои претходно ги ослободи Хамас, а неколку членови на семејството кои присуствуваа на средбата жестоко ја критикуваа израелската Влада. Една жена …

Нетанјаху: Во моментов нема можност преостанатите заложници да се вратат дома Read More »

Јапонија ќе одржи онлајн самит на Г-7, ќе учествува и Зеленски


 Јапонскиот премиер Фумио Кишида вечерва ќе одржи онлајн самит на Г-7, на кој е поканет и украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти на прес-конференција генералниот секретар на јапонскиот кабинет Хироказу Мацуно. -Вечерва премиерот Фумио Кишида, во својство на претседавач со Г-7, планира да одржи онлајн разговори на лидерите на „седумката“. Покрај лидерите на „седумката“, на почетокот …

Јапонија ќе одржи онлајн самит на Г-7, ќе учествува и Зеленски Read More »

Русија во текот на ноќта лансираше 48 дронови врз Украина, соборени 41


Русија во текот на ноќта лансираше вкупно 48 беспилотни летала кон Украина, а повеќето од нив беа соборени, соопшти денеска украинското воздухопловство. Во соопштението се додава дека украинските системи за противвоздушна одбрана уништиле 41 беспилотно летало пред да стигнат до целта. Украинската армија објави дека сите уништени беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство се камикази. …

Русија во текот на ноќта лансираше 48 дронови врз Украина, соборени 41 Read More »

Јелен: САД ќе бидат одговорни за поразот на Украина доколку помошта не се изгласа во Конгресот


САД ќе бидат „одговорни за поразот на Украина“ доколку Конгресот не го одобри новото барање на администрацијата на Бајден за повеќемилионско финансирање на земјата разорена од војната, изјави американската министерка за финансии, Џенет Јелен, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го откажа обраќањето во американскиот Конгрес. Таа вчера во Мексико Сити оцени дека финансирањето, особено на …

Јелен: САД ќе бидат одговорни за поразот на Украина доколку помошта не се изгласа во Конгресот Read More »

Анкета на Ројтерс и Ипсос: Бајден со слаба поддршка од Американците, се навестува тесна изборна трка со Трамп


Популарноста на американскиот претседател Џо Бајден е речиси на најниско ниво од почетокот на неговиот мандат, што укажува на проблемите што го очекуваат на претседателските избори следната година, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос. Тридневната анкета, што заврши во неделата, покажува дека само 40 отсто од испитаниците го поддржуваат Бајден, што е малку повеќе …

Анкета на Ројтерс и Ипсос: Бајден со слаба поддршка од Американците, се навестува тесна изборна трка со Трамп Read More »

Снег на Попова Шапка, магла на Плетвар


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100м. има на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат. На одредени патни правци кои …

Снег на Попова Шапка, магла на Плетвар Read More »

Презентација на резултати од две студии изработени од Аналитика


Аналитика тинк-тенк денеска го организира настанот „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Северна Македонија“. Ќе бидат презентирани резултатите и препораките од двете студии изработени од тимот на Аналитика „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски …

Презентација на резултати од две студии изработени од Аналитика Read More »

Регионална работилница за управување со големи месојади


Регионална работилница за размена на искуства за управување со големи месојади (мечка, рис, волк) ќе се одржува денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Ќе учествуваат експерти од областа и преставници на надлежни институции од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија. Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, програмата вклучува …

Регионална работилница за управување со големи месојади Read More »