Си-Ен-Ен: Против Хантер Бајден се покренати нови обвиненија за даночни престапи


Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против синот на американскиот претседател Џо Бајден – Хантер Бајден, соопшти синоќа Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори. Бајден вчера беше обвинет пред федералниот суд во Лос Анџелес за учество во четиригодишна шема за избегнување плаќање даноци во вредност од околу 1,4 милиони долари, соопшти Министерството за правда. …

Си-Ен-Ен: Против Хантер Бајден се покренати нови обвиненија за даночни престапи Read More »

Конечно слободни – што раскажуваат ослободените израелски заложници


Повикот предизвика измешани чувства кај Јаир Мозес. Неговата мајка Маргалит се очекуваше да биде меѓу првите заложници што ќе бидат ослободени од Појасот Газа на 24 ноември, само неколку часа по стапувањето на сила на прекинот на огнот. Милитантната исламистичка терористичка организација Хамас ја одведе Маргалит Мозес во Газа на 7 октомври, откако беше киднапирана …

Конечно слободни – што раскажуваат ослободените израелски заложници Read More »

Харков повторно цел на руско гранатирање


Источноукраинскиот град Харков беше погоден од неколку руски проектили, соопштија властите во текот на ноќта и информираа дека најмалку едно лице е повредено. „Окупаторите го погодија Харков шест пати“, напиша во Телеграм Олег Синегубов, шеф на регионалната воена администрација, посочувајќи дека на самото место му била укажана помош на повредено лице. Погодени се регионите Холоднохирски …

Харков повторно цел на руско гранатирање Read More »

Бела куќа: САД не му дадоа рок на Израел за запирање на операцијата во Газа


САД не му дадоа цврст рок до кој Израел треба да ги запре големите борбени операции против милитантната група Хамас во Појасот Газа, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Фајнер. Тој додаде дека ако војната заврши сега, исламистичката група ќе продолжи да претставува закана. Говорејќи на безбедносниот форум во Аспен, Фајнер истакна …

Бела куќа: САД не му дадоа рок на Израел за запирање на операцијата во Газа Read More »

Маричиќ на состанок на Одборот на Инвестициската рамка за Западниот Балкан


Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ денеска ќе присуствува на петтиот состанок на Стратешкиот одбор на Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ) заедно со генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (НЕАР), Герт Јан Копман и со генералниот директор на Одделот …

Маричиќ на состанок на Одборот на Инвестициската рамка за Западниот Балкан Read More »

Се празнува Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование


Со низа настани денеска во земјава ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето …

Се празнува Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование Read More »

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“


Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието ќе и биде доделена на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а за остварување во областа на културата и уметноста на филмскиот режисер Антонио Митриќески. Државната награда „Св. …

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ Read More »

Оштетени корпи и отпад низ улиците на Скопје, казни има само од МВР, но сепак недоволни


Често се наоѓаме во ситуација да не можеме да најдеме корпа или канта каде да го фрлиме отпадот низ улиците на Скопје, или ги нема, или се премногу оштетени, а некогаш дури и се преполни. Од друга страна, пак, гледаме и премногу отпад низ улиците на главниот град, што укажува на недостиг на корпи за …

Оштетени корпи и отпад низ улиците на Скопје, казни има само од МВР, но сепак недоволни Read More »

Заврши скрининг процесот – заокружена првата фаза од целта за членство во ЕУ до 2030 година


Со затворање на билатералниот состанок за „Поглавјето 31 – Заедничката надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6 вчера во Брисел официјално заврши скрининг процесот на Северна Македонија со ЕУ, со што земјата заокружи една есенцијална фаза што треба да ја воведе во следната фаза од преговорите, продолжување со реформите и завршување на обврските со цел …

Заврши скрининг процесот – заокружена првата фаза од целта за членство во ЕУ до 2030 година Read More »

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. …

Променливо облачно со сончеви периоди Read More »

Ковачевски: Пендаровски влегува во профилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ


СДСМ својот претседателски кандидат за изборите закажани на 24 април 2024 година ќе го бира преку дефинирана процедура, најдемократски. Актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, ако го анализираме неговото работење во изминатите пет години, апсолутно влегува во профилот. Тој беше поддржан од коалиција која вклучуваше и албански партии, истакна премиерот Димитар Ковачевски, но не откри …

Ковачевски: Пендаровски влегува во профилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ Read More »

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови


Патохистолошкиот наод, микробиолошкиот и молекуларниот наод од Факултетот за ветеринарна медицина утврди дека угинувањето на жирафата Флопи се случило како последица на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови, соопшти ЗОО Скопје. -Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. …

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови Read More »

Малолетничка удрена од возило на булевар „Србија“, пренесена е во болница


Малолетно девојче е удрено вечерва од возило на булевар „Србија“, кај бензинската станица „Лукоил“, во Општина Аеродром. Девојчето е пренесена во болница, а екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата. Од МВР за МИА велат дека увидот уште не е завршен и дека дополнителни информации ќе има по неговото завршување.

Забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој „Ѓавато“


На магистралниот пат А-3, Битола-Ресен, на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, вечерва воведена е забрана за движење на товарни моторни возила. Како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, забраната почнува од 18:35 часот.

Американци купија 12,5 отсто акции во ПСЖ за четири милијарди евра


Американската приватна финансиска групација Арктос Партнерс стекна малцински удел во францускиот фудбалски првак ПСЖ, објави попладнево клубот од Париз. ПСЖ соопшти дека инвестицијата ќе биде искористена за поддршка на иницијатива за изградба на стадион и тренинг центар. Финансиските детали не се соопштени, но весникот „Фајненшл Тајмс објави дека Арктос ќе купи 12.5 отсто од акциите …

Американци купија 12,5 отсто акции во ПСЖ за четири милијарди евра Read More »

Електронската трговија и дигитализацијата играат клучна улога во развојот на пазарот на ЦЕФТА


Конференцијата CEFTA Week 2023 наречена „e-CEFTA: Кликни, поврзи се и тргувај“, која собра околу 300 учесници и во живо и онлајн, се одржа денеска во Подгорица. Традиционалниот годишен собир на високи функционери од економиите на ЦЕФТА, Европската Унија и други регионални и меѓународни организации, заедно со претставници на бизнисот, даде можност да се истражи потенцијалот …

Електронската трговија и дигитализацијата играат клучна улога во развојот на пазарот на ЦЕФТА Read More »

Снег и магла во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Снег врне во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека, каде што има и магла со видливост до 30 метри. Врнежи со послаб интезитет имаме на Попова Шапка, Маврово, Стража, Страцин, Македонски Брод, Буково и Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат. На одредени патни правци кои …

Снег и магла во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека Read More »

Амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2024: Се бара пониско ДДВ за огревното дрво, за струјата…


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почна разгледувањето на амандмани за Буџетот за 2024-та година, откако вчера заврши општиот претрес. За Предлог-буџетот поднесени се вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. На денешниот прв ден беа разгледани три амандмани и од страна на претставниците …

Амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2024: Се бара пониско ДДВ за огревното дрво, за струјата… Read More »

Бектеши: Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените


Мерките ги даваат своите резултати во делот на зачувување на животниот стандард. Во случај одредена мерка да се злоупотреби не само што ќе ја продолжиме, туку и ќе ги зајакнеме инспекциските капацитети, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи …

Бектеши: Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените Read More »